18 Април, 2021
0.0253

Што е животно осигурување и како функционира?

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2021

Кога ќе се спомене зборот осигурување на поголемиот дел од нас прво им паѓа на памет осигурување на возилото, на домот, на деловните простории, и сите оние нешта што имаат одредена вредност и значење за нас. Првенствено одбираме да ги осигуриме материјалните нешта кои се помалку или повеќе заменливи, но често недостасува навика да одбераме осигурување кое може да обезбеди финансиска заштита за нашето семејство. Животното осигурување е најценет и најчест облик на осигурување во развиените земји, и тоа од повеќе причини. Пред сè затоа што е заштита на оние кои финансиски зависат од нас и второ затоа што на него се гледа како на штедење. Полисите за животно осигурување претставуваат единствен финансиски производ кој во исто време нуди опција за осигурување од ризик и штедење.

Полисата за животно осигурување овозможува лична безбедност и грижа за себе и за семејството. А исто така, добива и дополнителна вредност токму по истекот на полисата, со враќање на вложените средства на осигуреникот. Осигуреникот по истекот на полисата средствата може да ги искористи за значајни животни приоритети: патување, реновирање, стипендиска рента, пензиска рента и можност со дел од средствата повторно да направи полиса за осигурување на живот за себе или некој близок.

Склучување договор за животно осигурување опфаќа различни барања и референци во зависност од полот, возраста, животниот стил и животните навики. Индивидуалното осигурување на животот на осигурителната компанија Кроациа осигурување нуди голем број предности и можности кога е во прашање полиса за животно осигурување. Полисата Индивидуално осигурување на животот нуди можност за избор на должина на полисата меѓу 10 и 25 години, избор на начинот на плаќање, како и прилагодување на сумата која се уплаќа, почнувајќи од минимална годишна сума од приближно 11.000 денари.

И најважно е при склучување на животно осигурување да се направи правилен избор на компанија, што има знаење, традиција, стабилност и сигурност во работењето. Кроациа осигурување е компанија која успешно работи во осигурителниот сектор од нејзиното основање  во 1884 година, воедно е првата компанија за осигурување живот регистрирана во земјава и финансиска институција кај нас која поседува меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно стандардот за квалитет ISO 9001:2015, меѓународен сертификат за воспоставен систем за задоволство на корисниците и процес за управување со поплаки согласно стандардот ISO 10002:2018. 


Можеби ќе ве интересира

Хотелите од Охрид и Струга се договорија, ќе има специјален попуст за Србите

Хотелите од Охрид и Струга се договорија, ќе има специјален попуст за Србите

Угостители: Банките и извршителите ни се закануваат, во вторник протест пред Министерството за финансии

Угостители: Банките и извршителите ни се закануваат, во вторник протест пред Министерството за финансии

Високите цени на брашното и маслото ќе останат до следната жетва

Високите цени на брашното и маслото ќе останат до следната жетва

Црна Гора купи два авиони за 21 милиони евра

Црна Гора купи два авиони за 21 милиони евра

Кој тајкун ќе ги купи? „Реплек“ продава 6,88 отсто од акциите за 240 милиони денари преку „се или ништо“

Кој тајкун ќе ги купи? „Реплек“ продава 6,88 отсто од акциите за 240 милиони денари преку „се или ништо“

Псалтиров, Саити, Тунева и Ајдини избрани за први економски советници-промотори

Псалтиров, Саити, Тунева и Ајдини избрани за први економски советници-промотори

Продолжува акционерската битка во Реплек: Туџаров и Зимбакова предлагаат нови членови на Надзорниот одбор

Продолжува акционерската битка во Реплек: Туџаров и Зимбакова предлагаат нови членови на Надзорниот одбор

ВЛАДАТА ДО КСС КОИ ПРОТЕСТИРАА - не сте репрезентативен синдикат, а сепак сте вклучени во Економско-социјалниот совет, се што ние правиме, е во интерес на работниците

ВЛАДАТА ДО КСС КОИ ПРОТЕСТИРАА - не сте репрезентативен синдикат, а сепак сте вклучени во Економско-социјалниот совет, се што ние правиме, е во интерес на работниците

Fleet Management е идеална алатка за целосна контрола над возниот парк

Fleet Management е идеална алатка за целосна контрола над возниот парк