20 Април, 2024
0.0265

Што државата направи за мене?

Објавено во: Колумни 10 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Откако после 10 години поминати на радио решив да дадам отказ од само за мене познати причини конечно можам да се наспијам како човек и да си посветам малце време на самиот себе. Добри 20 години трчам да работам, да створам нешто, се расправам со бирократија и администрација која што се намалува од кога знам за себе, ама никако да се намали и се обидувам да егзистирам под ова парче небо. Затоа што емиграција на 40 и кусур не е опција.

Растеретен од работните обврски, додека у  6 30 сабајле си го тегнам првото еспресо од органска арабика, смути од киноа, чиа и еден куп други трици што у време на мојата младост им се даваа само на свињи пред колење, у мислите ми провејува едно четиво од читанката за прво одделение, кое очигледно толку длабоко се врежало и мојот кортекс што и после 35 години јасно се сеќавам на истото – група деца во училиште се караат на тема кого Тито гледа од портретот кој е закачен над училишната табла. Едниот вика мене, другиот вика мене, третио вика мене за на крај да дојде учителката и гордо изјави дека Тито сите не гледа. У модерно линго – Јас сум (внеси државна функција по желба) на сите.  И пошто он е на сите, сите нешто чекаат од него. Едни чекаат да им се напрај пат, други чекаат да им се даде работа, трети чекаат да им се платат сметките пошто сами не можат да ги платат. Сите нешто чекаат. И сите кукаат како државата ништо не прави за нив.

А да ве прашам ја вас – што вие направивте за државата? И за да нема недоразбирање у старт – одење по митинзи и штабови, лепење плакати по тараби и глумење човек статуа додека некој политичар дава изјава не е државна активност.  Тоа е лижење шупак со надеж дека нешто, некогаш ќе капне. А кога нема да капне, ќе се кука дека државата ништо не прави за тебе. 80% од населението ни е се уште заглавено во оралната Фројдовска фаза – битно е нешто да се има у уста и нешто да капе.

Класичен пример за тоа колку глуп народ живее овде и плаче по таа цицка се  “ветените” 300 вработување за пилоти. Мислам дека секој со барем малку здрав разум ќе се замисли во врска со ова. Што ќе прават тие пилоти? Каде ќе летаат? Имаме ли ние воопшто потреба од пилоти? Битно се ветило, а не се исполнило. И сега ќе се буниме дека државата ништо не прави за нас.  Следниот пат некој да ви вети дека ќе ви тече млеко од чешма ќе го голтнете кромидот како да е најслатка бонбона и после, кога тоа, нормално, нема да се оствари, ќе кукате дека државата не прави ништо за вас. Да глупи сте и за да го сфатите тоа, ќе се обидам да го објаснам малце по пластично – купуеш дојави за наместени утакмици? Си добил некад? Епа, и со предизборни ветување ти е исто.

За државата, се разбира никој не прави ништо, па дури ни оние кои се избрани тоа да го прават. Стратешко планирање е мисловна именка која е изгубена во Македонското шатро секојдневие сведено на размислување кој и како да се заебе денес за да се покријат загубите од вчера. Со ретки исклучоци се разбира.  И ова важи секаде – политика, бизнис па дури и семејни односи. Граѓанскиот активизам се сведува на активности директно или индиректно спонзорирани од држава или партија насочени кон наративиот кој тие во моментот го поддржуваат при тоа газејќи преку лешеви да овозможат било каква алтернатива на истиот. Горе доле, пак си со врзани раце и пуна уста.

Пошто очигледно сите сме без идеи, викам чекај да го прашам Гугл “Што може ја да направам за својата држава” Гугл се знае, па можда ќе ми даде некоја идеа.


Изгледа ни Гугл не е сезнајко...

Јас нема да чекам државата нешто да направи за мене. Си најдов стари звучници, деновите ќе ги репарирам, ќе ми бидат занимација едно 3-4 дена, а после тоа ќе му ја мислам. Заеби стратешко планирање дај да свртиме некоја пара денес...



Пишува Тик Так

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок