21 Април, 2018
0.0571

Штип останува без карго аеродром, ТАВ ќе троши пари на јавни добра

Објавено во: Економија 12 Јануари, 2018

По долги години на испитувања се потврдија сомнежите дека во близина на Штип не е изводливо да се гради нов аеродром за превоз на стоки поради силните ветрови. Сепак, тоа не ги ослободува ТАВ од обврска да ги потрошат планираните средства бидејќи во пакет ги добија концесиите за скопскиот и охридскиот аеродром.

Накратко министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски вчера изјави дека средствата во висина од околу 50 милиони евра ТАВ ќе ги инвестира во јавни добра за што веќе се подготвуваат или се објавуваат огласи. 

„Ќе ги вложат во јавни добра, кои се од јавен интерес на граѓаните на Република Македонија. Во најголем дел ќе бидат за канализација, за проекти кои што Министерството за транспорт и врски веќе ги има распишано тендерите. Тоа се средства во висина од 45-46 милиони евра и се за посебен интерес“, изјави министерот Сугарески.

Претходно од раководството на ТАВ истакнуваа дека доколку не е возможно да се гради карго аеродром во Штип, тогаш парите би ги потрошиле во проширување на терминалот на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје или пак за потребите на охридскиот „Св.Апостол Павле“.

Во минатото имаше идеи карго аеродром да се гради во близина на Струмица поради поповолната клима и потребата од брз транспорт на раноградинарските и земјоделските производи, а исто така поранешните министри за странски инвестиции ја споменуваа и Битола како град кој има почетна инфраструктура за изградба на аеродром. 

Исто така од ТАВ подолго време ја наметнуваат темата за национален авиопревозник за најголемиот македонски аеродром да биде целосно профитабилен и оперативен, но таквата идеја се уште се разгледува.

Можеби ќе ве интересира

Зошто турското злато е повлечено од американските сефови?

Зошто турското злато е повлечено од американските сефови?

Во Тетово се бара јавен превоз

Во Тетово се бара јавен превоз

Судот ќе одлучува дали ќе има стечајна постапка за „БЕГ“

Судот ќе одлучува дали ќе има стечајна постапка за „БЕГ“

Teвдовски за Блумберг: Безусловната препорака ќе ја зголеми довербата на инвеститорите

Teвдовски за Блумберг: Безусловната препорака ќе ја зголеми довербата на инвеститорите

Познато кога Град Скопје ќе го објави повикот за субвенции за велосипеди

Познато кога Град Скопје ќе го објави повикот за субвенции за велосипеди

Управниот одбор на ЕВН има нов член

Управниот одбор на ЕВН има нов член

Нема исправни велосипеди за изнајмување

Нема исправни велосипеди за изнајмување

Дали идните пензионери ќе се задоволни со профитите на приватните фондови?

Дали идните пензионери ќе се задоволни со профитите на приватните фондови?

Македонците задолжени до гуша – Колку сме заглавени споредено со другите?

Македонците задолжени до гуша – Колку сме заглавени споредено со другите?