ШТИП: На Инфективно од починат пациент е украден златен накит
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2020
Украден e накит од починат пациент на Инфективното одделение во Штип.
СВР Штип информираше за кражбата.
Вработен од обезбедувањето во Клиничка болница-Штип вчера ја пријавил кражбата.
Според пријавата, околу 14 часот на Инфективното одделение дошле вработени од погребно претпријатие да го подигнат телото на починатото лице, при што го побарале златниот накит за да ѝ го предадат на фамилијата, но од страна на засега непознато лице накитот е одземен.
Полицијата работи на расчистување на настанот.