20 Април, 2024
0.0263

ШТЕДАЧИТЕ СО ОСТАР НАПАД КОН ГУВЕРНЕРКАТА - дали транспарентност е прво да изјавите дека заштедите се безбедни, а потоа да ја затворите банката

Објавено во: Финансии 14 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Оштетените штедачи од Еуростандард банка повторно со жестока реторика кон Народна банка и кон гувернерката Бежоска.

Ова следува откако Фактор го објави ставот на централната банка дека за заштита на депонентите во Еуростандард се преемени сите потребни мерки и дека НБМ стриктно ги почитувача законските прописи.

„Во своите јавни изјави, Народна банка потсетува дека е професионална, независна и транспарентна институција. Ниту е професионална, за независна незнаеме, а транспарентна не е воопшто. Накусо ќе ги образложиме нашите ставови. Да беше Народна Банка односно гувернерката Бежоска професионална, немаше да се случи масовниот грабеж со делење на непокриени кредити и перење пари во сега пропаднатата Еуростандард банка“, велат оштетените штедачи.

Според нив, гувернерката Бежоска знаела и била свесна за лошата состојба во банката со години, но ништо не направила за да го спречи криминалот и да ги заштити од пропаѓањето на нивните доверени лични средства. 
„Напротив, гувернерката Бежоска јавно тврдеше и не лажеше дека нашите депозити се безбедни. Каков професионализам е да знаеш дека се краде во банката а да не направиш ништо туку напротив, со своите јавни изјави во континуитет и непосредно пред затворање на банката да ги донесеш во заблуда допонентите дека е се во ред и дека не треба воопшто да се грижат за своите депозити. Уште во 2017 година гувернерката Бежоска била информирана и добро знаела дека се вршат трансакции преку кои се перат пари и други приноси од казниво дело со отворање банкарски сметки на оф-шор компании, за да овие активности многукратно се зголемат во текот на наредните две години. Овие доверливи информации и докази гувернерката Бежоска ги добила од финансиското разузнавање и молчела со години, за да поднесе кривична пријава за перење пари против раководните лица во Еуростандард банка дури два месеца откако ја затвори истата. Гувернерката Бежоска и Народна банка како институција имале законска обврска да ја поднесат кривичната пријава за перење пари уште кога ги имале првите докази, а не да молчат и чекаат со години за да го направат тоа откако ќе ја затворат банката и целосно ќе ни пропаднат нашите пари“, објаснуваат од Здружението. 
Прашуваат каков профезионализам е тоа да знаете што се случува во банката, да поднесете 21 решение со повеќе од 70 супервизорки мерки, како што тврдат од Народна банка, а грабежот на депозитите да продолжи и гувернерката Бежоска да не ги одземе лиценците за работа на раководните лица во банката?

„Што правела гувернерката Бежоска кога мерките не се почитувале ниту исполнувале од раководните лица во банката!? Ги оставила да продолжат да крадат!!! Дали гледањето слепо и дозволувањето да се случува континуиран грабеж во банка е професионализам, и тоа врвен!? Дали е професионализам да ја затворите банката без да се обидете да воведете администрација и да ја спасите истата од пропаст? За да го направите тоа треба и знаење, одговорност, труд и работа, а сето тоа за жал го нема во сегашното раководство на Народна банка. За независноста на Народна банка не знаеме доволно. Тоа ќе го оставиме на гувернерката Бежоска да одговори и разјасни зошто Еуростандард банка се затвори во сред пандемија и веднаш после одржаните парламентарни избори оваа година, а не пред тоа кога веќе било јасно каква е состојбата на банката. Транспарентноста е многу слаба страна на Народна банка и гевернерката Бежоска. Дали транспарентност е јавно да изјавите дека депозитите на граѓаните се безбедни и дека може да се чувствуваат мирно бидејќи се заштитени од системот!? За веднаш потоа истата таа личност која јавно го изјавува тоа, гувернерката Бежоска, да ја затвори банката и наеднаш пропаднат речиси 60 милиони евра од континуираниот грабеж дозволуван од Народна банка со години. Ова не е одлика на транспарентност, ова е одлика на недолична манипулација и свесно лажење на гувернерката Бежоска“, стои во соопштението на штедачите.

Како што дополнуваат оштетените штедачи, веројатно гувернерката Бежоска подразбира дека транспарентност е да се соопшти на кругот пријатели и блиски соработници дека банката ќе се затвори за неколку денови, за да побрзаат да ги извадат депозитите од Еуростандард банка.

„Транспарентоста на гувернерката Бежоска се огледа и во избегнувањето на разговор и соочување со оштетените депоненти, граѓани и фирми, на дебата односно одговор на нивните прашања, а дел од нив се поставени и овде но никогаш не добивме конкретен и транспарентен одговор. Скапо платен од нашите пари и заштитен од државата, раководниот тим на Народна банка а пред и се гувернерката Бежоска, продолжуваат со својот стил на паушални одговори без суштина и цел. На нас оштетените ни е многу јасно дека не може да очекуваме никаков конкретен одговор од гувернерката Бежоска бидејќи таа е соучесник во криминалот во банката и секакво нејзино признавање на делото преку изнесување на вистината може да биде штетно за неа. А ние оштетените, ќе се снаоѓаме со нашите животи и понатаму, ограбени, понижени и излажани во сред пандемија, но никогаш нема да се откажеме од вистината и правдата. Се надеваме и дека ќе дојде време кога гувернерката Бежоска и нејзниот тим ќе се посрамотат и ќе одговараат за своите штетни постапки во овој организиран криминал коишто директно оставија 3.000 семејства без своите тешко заработени и заштедени лични средства, со што го уништија сегашниот и иден живот на обичните граѓани и фирми и нивните семејства“, се наведува во соопштението.

Во меѓувреме, велат оттаму, и покрај тоа што се објави дека надлежностите на Народна банка прекинуваат со отворање на стечајот на Еуростандард банка пред четири месеци, во одборот на доверители имаме и член од Народна банка, кое место му припаѓа и според закон.

„Не вршеа контрола и не направија ништо кога се крадеше во банката, а сега ќе ја контролираат стечајната постапка односно проневерата на нашите пари. Толку од професионализмот, независноста и транспарентноста на Народна банка и гувернерката Бежоска. Се до затворање на следната банка“, наведуваат огорчените штедачи. 

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин