29 Март, 2024
0.0299

ШТЕДАЧИТЕ ГНЕВНИ ШТО КОСТА КОСТОВСКИ ЌЕ УПРАВУВА СО НОВ ФОНД - како човекот кој е одговорен за пропаста на Еуростандард ќе продолжи со исти активности

Објавено во: Финансии 09 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Откако Фактор објави дека Коста Костовски, еден од сопствениците на Еуростандард банка, ќе биде директор на ново друштво за управување со инвестициски фондови, со реакција се јавија штедачите од пропаднатата банка. 

Тие имаат доста остри зборови за оваа нова информација, која ја пренесуваме во целост.

„Уште една новост на апрсурд, ароганција, безобразие и срам осамна во македонското секојдневие и сурова реалност. Коста Костовски, еден од косопствениците и претседател на кредитниот одбор на правни и физички лица во пропаднатата Еуростандард банка, постана директор на новоосновано друштво за управување со приватни инвестициски фондови „Глобал Инвестмент Корпорејшн доо Скопје“, пишуваат штедачите.

„Човекот кој ја „погреба“ Еуростандард банка со масовно и свесно делење на неповратни кредити со години од депозитите на граѓаните и фирми депоненти, основачот и спроводител на криминалот во банката, има можност да продолжи со исти активности и понатаму, сега со управување на инвестициски фонд. Коста Костовски е осомничен за низа кривични дела и покренати се повеќе кривични постапки против него од предизвикување стечај на банката, злоупотреба на службена должност и овластување до перење пари и други приноси од казниво дело, и сето тоа проследено со низа проневери, злоупотреби, фалсификувања и измами.

Централниот регистар го донел решението за основање на друштвото и забавата може да почне. Сопругата на Коста и уште двајца други бизнисмени со живеење во странство се косопственици на друштвото чијшто основачки капитал е 51 илјади евра. За да Централиот регистар го донесе решението за основање на друштвото, Комисијата за хартии од вредност морала претходно да издаде согласност и дозвола, што е пропишано во Законот за инвестициски фондови. Тоа е истата таа комисија која дозволи да поминат неказнето раководните луѓе на Еуростандард банка бидејќи ги немаа објавено ревидираните финансиски извештаи и мислењето од овластен ревизор за 2019 година, за да депонентите бидат навремено информирани за екстремно лошата состојба на банката. Еден од предусловите за поставување директор на друштвото за управување со инвестициски фондови е да биде лице кое поседува добра репутација. Согласно законските одредби, под добра репутација се подразбира чесност, компетентност, работливост и поседување особини кои даваат сигурност дека лицето со начинот на своето работење нема да влијае во насока на загрозување на стабилноста и сигурноста на инвестицискиот фонд и загрозување на интересите на вложувачите во фондот. Коста Костовски не само што е осомничен за низа кривични дела кои директно ја однесоа банката во стечај и проневерија огромна сума пари на депонентите, туку со доделувањето на дозвола за управување со инвестициски фондови се потврдува обратното од надлежните институции во државава, дека нема ништо спорно ни со неговата репутација. На овој начин, на Коста Костовски и неговото семејство им се дава целосен легитимитет на продолжат со праксата на проневери, злоупотреби и кражби практикувани со години во неодамна пропаднатата Еуростандард банка преку која се покрадоа речиси 60 милиони евра од депозити на граѓани и фирми. Дали е ова реалноста во која живееме или сакаме да живееме? Има ли нешто нормално во сето ова или ова е некаков лош сон?

Еден од законските одредби за основање и работење на приватен инвестициски фонд е дека приватниот фонд може да се задолжува без ограничување. Ова е исклучителна можност за Коста Костовски да се покаже и докаже што знае и умее да направи, а притоа да остане неказнет и да не одговара за сторени кривични дела, туку напротив надлежните органи во нашата држава да му дадат отворена можност да продолжи да практикува однапред познати и лесно докажливи проневери. Во семејството Костовски ова е веќе семејна традиција. Неодамна, ќерката на Трифун Костовски, главниот сопственик и виновен за криминалот во Еуростандард банка, изјави дека ќе го обновува култниот „Кермес“ во градскиот парк во Скопје. Несомнено, ќерката и синот ја продолжуваат традицијата на измами и проневери со наши пари, а сето тоа поддржано и одобрено од нашите надлежни институции.

Коста Костовски и останатите раководни луѓе во Еуростандард банка се директни виновници и одговорни за покрадените пари на граѓаните и фирмите депоненти во банката. Ќе направи ли нешто државата час поскоро да ја исправи оваа неправда и да ги казни овие луѓе за делата кои ги направиле? Ќе ги вратат ли нашите пари со кои сега се расфрлаат додека надлежните институции им го дозволуваат тоа? Сакаме да бидеме и членка на Европската унија!? Во кој правец се движиме?“, прашуваат штедачие.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка