Штаермеркише ја купи Охридска банка за 48 милиони евра
Објавено во: Економија 08 Ноември, 2019
Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ денеска официјално ја купија Охридска банка за официјално позната сума од 48 милиони евра со што станува сопственик на 91 отсто од акциите.
Оваа банка ќе биде четврта по големина во земјата и ќе држи 14 отсто од банкарскиот пазар. Се најавува дека новата банка ќе стане еден голем регионален финансиски супермаркет кој што ќе ги унапреди односите кон клиентите и хуман однос кон вработените.
По утврдување на успешноста на понудата за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ, на почетокот на неделата веше извршена и промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје.
Сосиете Женерал Групацијата, друштво организирано според француско право, со седиште на 29 boulevard Haussmann, 75009 Париз, Франција, ги продаде сите 384.844 акции издадени од Охридска банка АД Скопје и со тоа своето учество во акционерскиот капитал во банката го сведе на 0 акции.
Н.Н.Ф.