26 Април, 2024
0.0553

ШПИОНСКА АФЕРА ГИ ТРЕСЕ РУСИЈА И АВСТРИЈА: Кој кого и како шпионирал?

Објавено во: Свет 09 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи на Русија рекол Сергеј Лавров изјавил дека е „непријатно изненаден“ со вестите дека поранешниот австриски полковник е обвинет дека ја шпиунирал Москва.

Еден, во меѓувреме пензиониран, полковник на австриската војска во текот на своето активно работење 30 години шпиунирал за Русија, тврдат австриски власти кои тие информации ги добиле од „една странска разузнавачка служба“.

Истовремено, МНР на Русија на разговор го повикал австрискиот амбасадор во Москва Јоханес Ајгнер поради инсистирање на Виена дека пензионирани австриски воени офицери се осомничени за внешаност во шпиунирањето за Москва.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц и министерот за одбрана Марио Кунасек потврдиле утрово дека државното обвинителство покренало истрага за овој случај . Курц на вонредната конференција за медиуми го осудил влијанието на Русија и порачал дека вакво нешто не е во ред. Тој истакнал дека рускиот претседател Путин треба лично да ја разјасни оваа работа.

-Вакво нешто не се работи и тоа важи за сите држави-нагласил тој и најавил дека амбасадорот на Русија ќе биде повикан на разговор во МНР. Курц исто така ги негирал тврдењата дека соработката на австриските со меѓународни разузнавачки служби не функционира.

-Врз основа на откривањето на оваа афера може да се види дека сме одлично вмрежени-нагласил тој.

Како што пренесе ТАСС, австрискиот канцелар рекол и дека „Виена не планира да го повлече амбасадорот од Русија.

-Овој случај покажува дека и по Студената војна неутралните држави биле мета на шпионажа. Тоа покажува и колку е важно доброто функционирање на безбедносната мрежа. За нас ова е повод таа мрежа да ја направиме уште потесна. Надлежната служба со тоа ќе направи анализа, со посебен осврт на сајбер-одбраната-рекол министерот за одбрана Кунасек.


Foto: Reuters / Dmitri Lovetsky


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек