16 Април, 2024
0.0242

Шпаркасе Банка воведува нов депозит „Штеден план“ и ги зголемува каматните стапки на денарските депозити

Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Од 1 јули 2022 година, Шпаркасе Банка АД Скопје ја збогатува својата депозитна понуда со нов депозит за физички лица – Штеден план, погоден за клиентите кои се заинтересирани да штедат во денари и кои сакаат да направат добар план за заштеда на подолг период.

Сите оние што ќе го одберат новиот производ Штеден план, добиваат поволни услови за штедење во денари со гарантирани каматни стапки и можност за дополнителни вложувања.Со овој депозит, клиентите ќе бидат во можност да испланираат определен месечен износ од нивните примања, кој преку траен налог ќе се префрлува на депозитот и на тој начин депонентите континуирано ќе го зголемуваат својот штеден влог.

Освен со траен налог, дополнителни уплати може да се прават и преку шалтер и преку мобилно и електронско банкарство. Минималниот износ на почетен влог изнесува 6.000 денари, а минималниот износ на дополнителните уплати изнесува 1.000 денари. Депозитот ќе може да се отвори на рок од 12, 24, 36 и 60 месеци, а каматните стапки се фиксни за целото времетраење на орочениот депозит и достигнуваат и до 1,20% за депозитите на 60 месеци.

Воедно, со почеток од 1 јули, Шпаркасе Банка АД Скопје ги зголемува и каматните стапки на традиционалните денарски депозити на физички лица на 12, 24 и 36 месеци, па така сега фиксната каматна стапка на денарските депозити со рок на орочување на 36 месеци изнесува 1,35%. Дополнителна поволност е воведена за примателите на плата и за депонентите со повисоки износи на депозити, изразена преку стимулативен додаток на каматна стапка.

Истовремено, од 1.7.2022 се продолжува и промотивната продажба на Депозит Прогрес до 30.9.2022, со зголемување на каматните стапки на денарскиот Депозит Прогрес на 36 месеци, така што сега клиентите добиваат просечна годишна каматна стапка од 1,6%.

Промените на каматните стапки се применуваат за сите новоорочени депозити и за постојни депозити по истекот на рокот за орочување, односно на денот на реорочување на секој поединечен влог, почнувајќи од 1.7.2022 година.

Повеќе информации за производот Штеден план и за каматните стапки на депозитите може да се најдат на веб-страницата на Банката sparkasse.mk, во која било експозитура на Банката или преку повик во Контакт центарот на телефонскиот број 02 15 050.

Започнете да штедите во Шпаркасе Банка, дел од австриската групација Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе со повеќе од 200 години традиција во штедење и партнер што знае како вашите заштеди постојано да растат!

*пр објава

Можеби ќе ве интересира

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

„Арс Ламина“ на Саем на книгата 2024: Гостување на д-р Неле Карајлиќ, попусти до 80 отсто, саемски новитети и работилници за деца

„Арс Ламина“ на Саем на книгата 2024: Гостување на д-р Неле Карајлиќ, попусти до 80 отсто, саемски новитети и работилници за деца

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија