ШОКИРАЧКО ВИДЕО - жена во Сибир паѓа од 9 кат, си станува и си оди
Објавено во: Свет 25 Јануари, 2020
Никому нема да му се верува кога ќе го погледне ова видео. Жена падна од деветти кат и си замина.
Настанот се случил во Сибир, Русија.
Зачудувачкото видео го сними нејзин сосед, тој на својата камера ја регистрираше жената која паѓа од деветтиот кат на зградaта, пренесува српски „Курир“.
На снимката може да се забележи жена која од голема висина паѓа во длабок снег, по што таа станува и како ништо да не се случило, си заминува од местото на настанот.
Детали за овој несекојдневен настан, ни за тоа дали жената има некакви повреди, засега не се објавени. Погледнете го шокирачкото видео.
Видео и фото: Курир.рс