28 Март, 2024
0.0245

ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА ПЕТКОВСКИ - може да се наплатат 80 отсто од побарувањата, КОСТОВСКИ ПОРАЧА - остави хартиите, каде се парите бе човече

Објавено во: Финансии 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Долга и мачна дебата, на која повторно излегоа на површина многу нелогичности. Штедачите се пеплосани, но ексдиректорот на Еурстандард банка, Николче Петковски, вели дека гарантира дека доверителите ќе можат да си наплатат дури 80 отсто од своите побарувања. На ова, пак, Трифун Костовски, сопственик на банката, му порача на Петковски да каже каде се парите, бидејќи нив ги нема, а не да кажува што постои во билансите. 

„Не сум обвинител да кажам дали имало криминал, ама дупката е 57,5 милиони евра“, рече оштетениот штедач пред сопственикот на Еуростандард Трифун Костовски и екс диекторот во неговата банка која сега е во стечај, Николче Петковски.

Тој нагласи дека штом Обвинтелството отворило предистарага, сигурно имало нешто.

„Првиот ден кога почнале нашите пари да се раздаваат наваму натаму, веднаш требало да се отвори стечај“, рече штедачот.

Според него, иако штедачите ги дале парите во приватна институција, таа е регулирана институција, и тоа од НБМ, а платите на НБМ се плаќаат од државни пари, односно со пари од сите државни обврзници, каде се и штедачите.

Рече дека врз банката требало да се стави администрација или да им се одземе лиценцата на директорите. „Да се направело тоа порано, штета ќе беше шест милиони евра, а ние сме пеплосани, 60 милиони евра е штетата“, нагласи овој оштетен штедач во стуиото на ТВ 24.

Вината, според штедачот, е во акционерите на банката, упавата на банката, Надзорен одбор, Управен одбор, кредитен одбор, тие ја носат најголемата вина.

„Тука има 150 фирми кои се ненаплатливи или тешко наплатливи. Кои немаат хиотеки, или се многу мали, или се затворени. Фирмите веќе не постојат. Каде се однесени тие пари. Има инститиции, тоа тие нека го истражат, нас ни е битно во овој момент, државата да застане зад нас“, рече штедачот.

Тој даде предлог до Петковски и Костовски.

„Ако ситуацијата со банката е сјајна, дај преземете ги нашите обврски, исплатете не, па земете од стечајната маса, штом била одлична ситуацијата“, беше дециден штедачот.

Наведе и пример, со човек кој во таа банка изгубил 300 илјади евра, а работел претходно 10 години во Авганистан. 

На прашањето од водителот каде завршиле тие пари, Костовски рече дека затоа вели дека ова е организиран криминл. Рече дека се направиле за да ја спасат банката, се нашле пари за докапитализација, и се наплатиле и огромни средства од ткн. ненаплатливи кредити. 

„Сомневањата кај мене се дека тоа е криминогена бизнис елита, рече Костовски. Според него, егзекуторот е НБМ, таа е злоупотребена, бидејќи имала еден куп инструменти да го спречи криминалот. Јас ја плаќам цената на мојата верба во луѓето“, рече Костовски.

А штедачот му забележа дека сочувството на штедачите не им помага.

Костовски рече дека ако тој е виновен, не само куќата, се нека му земат, но дека овде се работи за организиран криминал.

„Јас ли те натерав да бидеш коминтент на банката“, му рече Костовски непримерно на штедачот, на што овој му одговори дека отишол во таа банка не заради него, туку затоа што банката е регулирана институција од НБМ. 

„Вие сте ги одбрале луѓето што ќе раководат со банката, вие сте го одбрале Петковски, тоа е ваша а не моја одговорност. А ако вие сте грешеле, НБМ требало да реагира. Ние ништо нема да земеме, ќе земе Фондот и ние депонентите ќе останеме со празни раце. Ако земеме после 5-6 години само 5 отсто ќе бидеме среќни“, рече штедачот.

Потоа Костовски призна дека требало да се грижи за парите на депонентите.

„Не бегам од вината, ќе си одговарам за грешката, но главниот регулатор е НБМ. Таа веднаш тргна по сатарот. Денеска има банки кои се во полоша ситуација“, рече Костовски.

На прашањето до Петковски зошто толерирал неплаќање, екс директорот одговори дека не е точно дека се толерирани фирмите, туку дека против многу од компниите, се покренати постапки за извршување. Активата е повисока за 30 милиони евра. Ненаплатлв кредит е кога ќе се исцрпат сите можности за наплата. Ви тврдам дека откако е почнат стечајот досега, не е направен обид за да се наплати ни еден кредит. Од тие 55 милиони евра, 26 до 27 милиони се настанати по последние 6, 7 месеци, кога не бев во банката. Не се делело шаком и капом“, рече Петковски.

Тој вели дека најодговорно тврди дека доверителите, кои и да се, ќе можат да си наплатат 80 отсто од побарувањата. 

„Им стојам на располагање на штедачите да го гледаме портфолиото. Уште 13 до 14 милиони сигурно може да се наплатат, тоа се од фирми кои функционираат. Има 23 милиони од физички лица, тие се функционлни, наплатливи. Има и кеш пари. По проценките на стечајниот управник, 13 до 14 милиони евра е имотот на банката“, рече Петковски, прашувајќи се како утврдил стечајниот управник дека се ненаплатливи кредитите. 

На ова штедачот рече дека ако ова е точно, треба за една година да си ги земат средствата и да спијат мирно, а Петковски рече дека тој не рекол дека ќе биде за една година. 

Петковски рече дека немал политички притисоци. Интересно, за фирмите во Струмица, Петковски кажа дека во тие фирми има следливост на парите, на пример, се гледа дека е подигната зграда, и слично. 

А на ова Костовсски рече дека парите ги нема.

„Никола, парите ги нема, само ти ги гледаш парите. Што е со Галафарм“, праша Костовски, на што Петковски рече дека Галафарм работи. 

„Не да стоите зад извештаите. Место хартиите, вратете ги парите. Какви биланси, фалат пари бе човече“, резигнирано кажа Костовски. 

Петковски рече дека не треба парите да се очекуваат на куп, и дека во ниедна банка нема пари на куп.

„Ако акционерите обезбеделе 3,5 милиони евра до крајот на април, немало да има мерки од НБМ, банката ќе функционирала. НБМ требала да преземе претходен чекор пред она што се случи. Зошто и како, веројатно регулаторот има објаснување за тоа. Но, претходно, оваа банка не била банка која требало да оди во стечај“, рече Николче Петковски. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка