02 Јули, 2022
0.0246

ШОЈГУ ДАДЕ ЗАПРЕПАСТУВАЧКА ИЗЈАВА:„Украина ја опремуваат со нуклеарно оружје-се плашат од пораз“

Објавено во: Свет 24 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека НАТО алијансата се плаши дека Украина ќе ја загуби војната и затоа ја опремуваат со нуклеарно оружје.

Постои реална закана Украина да направи нуклеарно оружје и возила за нивна испорака, изјави министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу. Тој посочи дека Западот ги игнорирал предлозите на Русија за „непроширување на НАТО“ и дека безбедносната ситуација во Источна Европа е значително лоша.

Според него, Западот итно организира снабдување со смртоносно оружје, плашејќи се од пораз на украинските војници. Шојгу додаде дека Русија го „забавува“ темпото на специјалната операција во Украина поради евакуацијата на населението.

„Со цел цивилите да ги напуштат околните населени места, повремено се најавуваат мирни режими и се создаваат хуманитарни коридори. Се разбира, тоа го успорува темпото на офанзивата, но тоа се прави намерно за да се избегнат жртви“, рече тој.

Рускиот министер за одбрана рече и дека Западот не само што го негира неонацизмот во Украина, туку со големи почести прима претставници на нацистичките единици вклучени во крвави злосторства. Шојгу додаде дека Русија „ќе ја продолжи специјалната операција во Украина и покрај притисокот и поддршката на Западот кон Киев“.

„И покрај големата помош на Западот за режимот во Киев и притисокот што го трпиме поради санкциите, ќе продолжиме со специјалната воена операција додека не се исполнат сите цели“, рече тој.


Можеби ќе ве интересира

Google ќе ги штити жените што ќе направат абортус во САД

Google ќе ги штити жените што ќе направат абортус во САД

Во нападот во Одеса загина и 12 годишно дете

Во нападот во Одеса загина и 12 годишно дете

Зеленски бара Украина да не чека со години за влез во ЕУ, туку патот да го поминат побрзо

Зеленски бара Украина да не чека со години за влез во ЕУ, туку патот да го поминат побрзо

ПОНТОНСКИ МОСТ НА РЕКАТА СЕВЕРСКИ ДОЊЕЦ: Како руските единици наеднаш го опколија Лисичанск, Украинците со огромни загуби

ПОНТОНСКИ МОСТ НА РЕКАТА СЕВЕРСКИ ДОЊЕЦ: Како руските единици наеднаш го опколија Лисичанск, Украинците со огромни загуби

Би-Би-Си: Патот по кој Русија го изнесува украденото жито од Украина

Би-Би-Си: Патот по кој Русија го изнесува украденото жито од Украина

НИШТО УШТЕ НЕ Е РЕШЕНО - Ердоган повторно им се заканува на Шведска и Финска околу членството во НАТО, вели: Прво да ги исполнат обврските

НИШТО УШТЕ НЕ Е РЕШЕНО - Ердоган повторно им се заканува на Шведска и Финска околу членството во НАТО, вели: Прво да ги исполнат обврските

КАКВА ПОРАКА МУ ПРАТИЛ ПУТИН НА ЗЕЛЕНСКИ - посредникот Видодо не ја открива содржината

КАКВА ПОРАКА МУ ПРАТИЛ ПУТИН НА ЗЕЛЕНСКИ - посредникот Видодо не ја открива содржината

Си Џинпинг го брани владеењето во Хонг Конг, една земја два системи

Си Џинпинг го брани владеењето во Хонг Конг, една земја два системи

Гранатирани зграда и рекреативен центар во Одеса, Украина, загинаа 17 лица

Гранатирани зграда и рекреативен центар во Одеса, Украина, загинаа 17 лица