19 Април, 2024
0.2132

ШКОЛИТЕ СО МНОГУ ДЕЦА ВО КОМБИНИРАНА НАСТАВА, ОСТАНАТИТЕ РЕДОВНО ВО ШКОЛО: Конечно ќе се утврди како ќе почне учебната година

Објавено во: Македонија 04 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Претставнивници од Министерството за образование и наука, денеска и утре на состанок со Комисијата за заразни болести ќе разговараат за почетокот на новата учебна година, по што конечно ќе се знае моделот по кој ќе се организира наставата од 1.септември. И од МОН и од Комисијата за заразни болести уверуваат дека овие денови ќе ги утврдат сите детали, а потоа предлогот ќе го достават до Владата.

Веќе е речиси извесно дека училиштата во земјава, каде бројот на деца е многу мал ќе имаат редовна настава со секојдневно одење во училиште, единстевно што треба да договорат е како ќе работат оние училишта каде има огромен број деца во паралелките.

-Непречено би се одвивала наставата во многу училишта низ Македонија каде во паралелките има по десеттина деца, некаде и помалку. Тие ученици би оделе секој ден во училиште, нема причина да биде поинаку. Единствено што ќе треба е да се придржуваат до општите здравствени протоколи, што значи дека и децата и наставниот кадар, и воопшто останатите вработени во училиштето треба да носат маски, да одржуваат растојание и да се внимава на хигиената, односно дезинфекција во училниците, тоалетите, кујните, велат од Комисијата за заразни болести.

Поголем проблем е организирање на наставата во училиштата со многу деца, потенцираат надлежните, посочувајќи дека некои паралелки бројат и над 30 ученици. Сепак, како што истакнуваат, не би имало никаков проблем, односно заразата со корона вирусот би била целосно под контрола ако наставата се организира сменски.

-Училиштата би биле средина под контрола и не би постоел ризик од ширење на заразата ако сите се придржуваат до мерките кои ги препорачуваме сите овие месеци. Наредниве денови ќе утврдиме кои училишта ќе мора да ја организираат наставата во смени, а за останатото веќе рековме дека ќе мора самите училишта да имаат луѓе кои ќе внимаваат на носењето маски, на дезинфекцијата, на евентуално мерење температура...Сегашните сцени од паркови, плажи, журки каде што тинејџерите се собираат неконтролирано, се далеку поголем ризик за ширење на вирусот, отколку одењето во училиште. Значи школо ќе има, тоа е дефинитивно, останува да се утврди моделот во оние училишта каде бројот на деца е голем, велат за Фактор од Комисијата за заразни болести.

Конечната верзија што најдоцна до утре треба да биде договорена, ќе треба да ја усвои и Владата, а потоа ќе биде испратена до сите училишта кои ќе треба да се организираат и да се приспособат кон условите за безбедна настава. Надлежните велат дека финалниот модел по кој ќе стартува и ќе се одвива новата учебна година ќе биде презентиран на јавноста на 10. август.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време