ШИЛЕГОВ НЕГАТИВЕН: И официјално, невидливиот противник е победен
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 06 Јули, 2020
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов објави на Фејсбук дека е негативен на коронавирусот.
„Почитувани, вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид 19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен. И официјално, невидливиот противник е победен. Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната подршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена. Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби. Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме“, пишува тој.