19 Април, 2024
0.0263

Шест работи кои треба да ги знаете за гасоводот „Турски тек“ и зошто тој е важен

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Со голема свеченост во Истанбул гасоводот „Турски тек“ вчера беше пуштен во присуство на Путин, Ердган, Вучиќ и Борисов.

Ова се шест работи кои би требало да ги знаете за гасоводот Турски тек кој регионот ќе го снабдува со гас.

Што е „Турски тек“

Гасоводот „Турски тек“ е проект на рускиот Гаспром и турскио Боташ кој би требало да обезбеди стабилно снабдевање со гас за Турција, јужна и југоисточна Европа.

Како почна се?

После пропаднатиот проект „Јужен тек“ во 2014 година, и кризата во руско-турските односи со уривањето на рускиот борбен авион Су-24 во ноември 2015, договорот за изградба на гасоводот „Турски тек“ е потпишан во октомври 2016 г.

Изградбата започна во мај 2017 година и првите кубни метри гас почнаа да течат вчера, 8 јануари 2020 година.

Каде започнува и каде завршува

Гасоводот е долг 930 километри со капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас годишно. Првиот крак минува низ Турција, додека вториот оди кон Бугарија, Србија и Унгарија. Србија и Бугарија го нарекуваат тој дел од гасоводот „Балкански поток“. Капацитетот на секој крак е 15,75 милијарди кубни метри гас.

Оваа количина на енергија е доволна за да се задоволат потребите на 15 милиони домаќинства со средна големина.

„Турски проток“ транспортира гас од руска компресорска станица во близина на Анапа во рускиот Краснодар, преку Црното Море, до приемниот терминал во турскиот град Кијакеј.

Од Кијакеј, цевководниот крак продолжува кон дистрибутивниот центар Лулебурас. Следниот сегмент од 145 километри тргнува кон центарот кај Ипсала, на турско-грчката граница, кој се разгранува таму кон турско-бугарската граница.

Понатамошната изградба на гасоводот кон Југоисточна и Централна Европа беше одговорност на државите вклучени во проектот - Бугарија, Србија и Унгарија. Планот е да се продолжи гасоводот кон Австрија и Словачка.

Трасата на гасоводот низ Србија

Србија изгради главен гасовод од 403 км од Бугарија до унгарската граница, односно од Заечар до Хоргош, кој ќе ги снабдува со гас од Турција и Балканскиот тек.

Пионерски дух и светски рекорд

Поставувањето на цевките на дното на Црното Море е направено со помош на најголемиот брод во светот наменет за овој вид на работа - „Пионерскиот дух“. Работејќи нон-стоп пловилото во просек положувало пет километри цевки секој ден. Во август 2018 година, „Пионерскиот дух“ го собори светскиот рекорд со положување 6,3 км цевки за само еден ден.

Најкраткиот дел од кракот на гасоводот

Делот „Турски тек“ на територијата на Унгарија ќе биде долг само 15 километри.


Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб