Шешељ го нарече Џафери терорист, а тој вели не се оптоварува со тоа
Објавено во: Македонија, Балкан 25 Мај, 2018
Не се оптоварувам со зборовите на Шешељ, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери, на прашањето на новинарката на српската телевизија N1, како ја коментира изјавата на лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ, дека Џафери е терорист.
„Во Србија сум на покана од претседателката на Собранието. Јас сум фокусиран на причината поради која сум тука“ – нагласи Џафери од Белград, каде е во прва официјална посета како собраниски спикер.
Тој рече дека не се оптоварува со изјавата на Шешељ.Џафери вели дека не е дојден на покана на политички партии, и не се плаши дека Шешељ може да направи некаков инцидент каков што имаше при посета на хрватската делегација неодамна.