22 Јануари, 2025
0.0263

Shelf Help – Нова едиција со книги за самопомош во издание на „Арс Ламина“

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Ментално здравје, бизнис и лидерство, личен развој, врски, здравје, животен стил, семејство и родителство се само дел од темите што го засегаат современиот човек, а кои ги опфаќа новата книжевна едиција Shelf Help на издавачката куќа „Арс Ламина“. Станува збор за едиција со куси и практични водичи за самопомош, кои помагаат во подобрување на животот на читателите.
Книгите се поделени во неколку поткатегории со цел да понудат фокусирани и ефективни решенија за секојдневните предизвици.

Shelf Help вклучува повеќе интернационални наслови, од кои трите први книги веќе се излезени од  печат. Меѓу нив се: светскиот бестселер „Фенг шуи во вашиот живот“ од Мари Дајмонд – кој е водич во тоа како да го искористите домот за привлекување на животот од вашите соништа; „Кон повисоко ниво“ од Роб Дајл – што открива како да се фокусирате, да престанете со одложување и да го подобрите вашиот живот; Водичот со вежби и активности - „Црвена линија“ од Џулијан Тејлор Шор – кој открива како да поставите граници за да ја сочувате вашата енергија и менталното здравје.

Наскоро се очекува да бидат објавени и книгите „Француската уметност на доброто живеење“ од Кети Јандел – Како да ја пронајдете радоста на животот во вашето секојдневие и „100 начини како да го промените вашиот живот“ од Лиз Муди – Како да го подобрите вашето здравје, да ги унапредите вашите врски и да постигнете успех и среќа.
Во иднина едицијата ќе биде дополнета со уште многу други наслови.

Shelf Help е идеална за сите кои сакаат да направат позитивни промени во својот живот и да се соочат со предизвиците на модерното време, затоа што неопходната помош доаѓа од полиците.

Книгите во издание на „Попули“ и „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!