25 Април, 2024
0.0372

ШЕКЕРИНСКА ЗА ИЗБОРОТ НА КОВАЧКИ ВО ИK НА ВМРО - ДПМНЕ: Tоа не е добро ниту за државата, ниту за Армијата

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата размислува со закон да ги исфрли воените лица од партиите. 

Во однос на изборот на Драги Ковачки, полковник на Армијата, за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска изјави денес  дека тоа не е добро ниту за државата, ниту за Армијата.

„Замислете ситуација имаме ние началник, заменик началник и директор на ГШ. Замислете едниот да отиде во СДСМ, другиот во ВМРО, третиот во ДУИ, а дел од полковниците да заминат, не знам, во ЛДП или во Алијанса. На што ќе личи таа Армија и како ќе се чувствуваат припадниците на Армијата кога луѓето кои ги раководат имаат униформа и се заколнале на таа униформа, на таа Армија, на таа држава, а тераат партиска политика. Мислам дека не случајно порано, иако немало целосни законски ограничувања, сите воделе сметка дека Армијата треба да ја држиме над политиката“, рече Шекеринска.

Таа рече дека ова прашање било отворено и на седницата на Советот за безбедност, и оти став на сите бил дека можеби треба да се размислува ваквите прашања да се регулираат законски, како што е регулирано и за некои други професии.

Од СДСМ реагираа дека внесувањето на Драги Ковачки, полковник на Армијата, за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е неетички и демократски преседан.

Дополнително, ова е обид да се наштети на високиот углед кој што Армијата го има, го гради и го чува, како земја членка на НАТО, пријател со демократскиот свет, сметаат од СДСМ. 

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи