15 Јуни, 2021
0.0209

Шекеринска по Конгресот на СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ е многу полесно, таму магарето може и да лета

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2021

Радмила Шекеринска, доскорешниот заменик претседател на СДСМ, во емисијата „Утрински брифинг“ по завршениот Конгрес на владеачката ги изнесе првите коментари во кои тврди дека не постои неединство на „Бихаќка“, туку разни идеи и концепти.

„Тим е луѓе кои ги имаат истите вредности, понекогаш со разни идеи, но лојалноста не се мери колку пати ќе кимнете со главата, туку колку пати ќе говорите. Лојалноста ја градиме кон идејата, а не кон шефовите“, рече Шекеринска.

Министерката за одбрана демантира дека има „скопско крило“ и „бранковисти“ кои внесуваат несогласување во СДСМ.

„Од 2013 се уморив на оваа тема, зарем во Скопје немаме разлики, јас повеќе со скопските колеги дискутирам и имам повеќе разлики со нив.

Јас мислам дека тоа не е реално, и оваа тема 2013 и 2014 беше актуелна. Бев една од обвинетите дека сум против бојкотирањето на локалните избори. И тогаш ме повикаа да помагам на локалните избори на многу места, а потоа ми рекоа дека во ниту еден момент не сум ги оставила на цедило“, беа дел од коментарите на Шекеринска.

Таа вели дека односите во СДСМ изгледаат покомплицирано затоа што во опозициската ВМРО-ДПМНЕ тие се сведуваат на послушност кон раководството и лидерот.

„Во ВМРО е многу полесно, даваш команда и магарето ако лета - тогаш лета“, рече Шекеринска.

Таа до изминатиот викенд беше заменик на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а во неделата на оваа позиција избрана е директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. 

Претходно самата Шекеринска најави дека се повлекува од сите функции во партијата. 


Можеби ќе ве интересира

Над 1.200 стебла марихуана се откриени кај болницата „Свети Еразмо” во Охрид

Над 1.200 стебла марихуана се откриени кај болницата „Свети Еразмо” во Охрид

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се укинува полицискиот час, денес нема починати од коронавирусот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се укинува полицискиот час, денес нема починати од коронавирусот

Ќе се измени протоколот за организирање свадби

Ќе се измени протоколот за организирање свадби

Приведени двајца Грци кои дивееле во Битола

Приведени двајца Грци кои дивееле во Битола

Мухарем Асани е новиот заменик директор на Царинска управа

Мухарем Асани е новиот заменик директор на Царинска управа

Од полноќ нема веќе полициски час

Од полноќ нема веќе полициски час

Инфраструктурни проекти ќе се реализираат во 23 општини

Инфраструктурни проекти ќе се реализираат во 23 општини

ИНСТИТУТОТ ЗА ТБЦ ЈА ИСПРАТИ ПОСЛЕДНАТА ПАЦИЕНТКА ХОСПИТАЛИЗИРАНА ПОРАДИ КОВИД: Директорот Сеад Зејнел ексклузивно за Фактор

ИНСТИТУТОТ ЗА ТБЦ ЈА ИСПРАТИ ПОСЛЕДНАТА ПАЦИЕНТКА ХОСПИТАЛИЗИРАНА ПОРАДИ КОВИД: Директорот Сеад Зејнел ексклузивно за Фактор

Македонија регистрира 29 нови заразени со коронавирусот, а починати денес нема

Македонија регистрира 29 нови заразени со коронавирусот, а починати денес нема