20 Април, 2024
0.0277

Шекеринска: Влезот во НАТО ја става Северна Македонија на мапата на бизнис дестинации

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Во рамки на Минхенската безбедносна конференција, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска говореше на Панел дискусијата насловена како „На вратата на НАТО: Осврт на актуелните предизвици во проширувањето“.

Шекеринска рече дека со влезот на нашата земја во НАТО значително се засилува безбедноста на овој дел од Европа, и дека двете влади покажаа дека разликите меѓу државите најдобро се решаваат низ политички дијалог и договор.

„Само пред една година влезот на мојата земја во НАТО беше незамислив и за многумина дури и невозможен. Но, сепак се случи. Меѓународната заедница ја препозна одговорноста и храброста на владите на двете земји и им даде силна поддршка“, рече министерката.

Шекеринска посочи дека со влезот на Република Северна Македонија во НАТО е разрешено едно од најважните безбедносни прашања во регионот со што значително се засилува безбедноста во овој дел на Европа.

„Членството во НАТО ја става Северна Македонија на мапата на сигурни и безбедни бизнис дестинации и отвора нови можности за домашната економија. Очекуваме оваа и следната година НАТО интеграцијата да има позитивно влијание врз економскиот раст на нашата земја“, рече Шекеринска.

Министерката вечерва ќе присуствува на свечената церемонија на доделување на наградата „Евалд фон Клајст“ на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, која ќе се одржи во рамки  на гала вечера чиј домаќин ќе биде премиерот на Баварија.

Министерката Шекеринска имаше и повеќе билатерални средби и тоа со министрите за одбрана на Италија, Германија, Финска и Холандија. На средбите беше поздравен влезот на нашата земја во Алијансата и беше потврдена соработката на планот на одбраната и безбедноста. Шекеринска се сретна и со еврокомесарот Јоханес Хан кој упати честитки за учеството на министерката на состанокот на министри за одбрана кое беше прва шанса да седнеме на иста маса со НАТО сојузниците.


Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан