29 Март, 2024
0.0281

Шекеринска и Николоски уште не излегоа од студио по ТВ-дуелот

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Александар Николоски како да не се помири со ТВ-дебатата од пред точно една недела со Радмила Шекеринска на ниво на потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за промената на уставните амандмани, чија нова содржина треба допрва да биде позната по референдумот доколку на 30 сепетмври биде успешен.

Заменик-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ сега тврди дека содржината веќе е напишана од Атина и е готова, додека виоцепремиерката Шекеринска денеска возврати дека се уште не се знае каква ќе биде промената.

- Политичарите кои застануваат на патот на вољата на народот ги интересираат само лични интереси како амнестија. Во идниот период многу маски ќе паднат. Лага е дека Грција ни ги подготвила и ни ги доставила уставните измени. Со преспанскиот договор, за измени во Уставот обврските се наши, а не грчки. Уставните измени ќе следуваат откако граѓаните ќе го кажат своето мислење - изјави Шекеринска.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара од Владата да ги соопшти уставните измени. Николоски праша дали се точни информациите дека уставните измени се готови и дека треба само технички да ги доработи пензиониран професор по уставно право.

На ТВ-дуелот пред една недела кога двајцата беа во студио во Алсат М, Николоски велеше дека нема логика да се гласа за референдумот на 30 септември ако не се знае какви уставни промени ќе следат потоа, а Шекеринска реплицираше дека прво парламентарното мнозинство прво за тоа треба да добие референдумско одобрение од граѓаните па дури потоа во наредните четири месеци ќе се спроведува процедурата.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница