Шегите на сечија сметка не нѐ направија омразени: Интервју со Жаре од „1 на 1“ пред старот на новата сезона
Објавено во: Стил 15 Октомври, 2019
Од крајот на октомври, како и лани, секоја недела на „Канал 5“ ќе не развеселуваат Жарко Димитриоски-Жаре и неговите гости. Жаре и неговиот тим посветено се подготвуваат за 11 сезона на „1 на 1“. Во свој стил, домаќинот на шоуто вели дека е горд на постоењето на емисијата и контра безбројните случувања и феномени кои низ годините му дале мал милион причини за создавање на „1 на 1“. Жаре ни октрива многу детали за новата сезона, но се сеќава и на моментите кои со најголем мерак ги направиле претходните години.
* Нумеролозите велат дека бројот 11 меѓу другото значи потенцијал и моќ. Што очекуваш ти лично од сезона 11?
- Wow! Токму тоа и го очекувам! Потенцијал и моќ! Не сум знаел за ова и морам да ти речам дека ми се допаѓа. Вишок потенцијал и моќ нема да ни дојде лошо. Очекувам да си поминуваме супер на сите снимања и секоја недела на луѓето да им нудиме еден час безгрижност. Тоа е целата причина за нашето постоење.