ШАРЕЦ: “НЕ МОЖАМ ДА ГИ ИСПОЛНАМ ОЧЕКУВАЊАТА НА ЛУЃЕТО“ - Падна словенската влада
Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2020
Падна словенската влада. Премиерот Марјан Шарец уште денес оставката ќе ја депонира до парламентот а изјавил и дека е најдобро што порано да се одржат парламентарни избори.
Како што пренесоа медиумите од регионот, Шарец рекол дека не може да направи ништо повеќе со актуелната влада, која како што навел не е во состојба да ги спроведе потребните реформи.
-Со овој состав на парламент и со оваа коалиција не можам да ги исполнам очекувањата на луѓето, но тоа би го можел по изборите-рекол Шарец.
Пред да ја најави оставката од премиерската позиција, оставка понудил и министерот за финансии на Словенија, Андреј Бертонцељ, поради несложувања со Шарец околу законот за укинување на дополнително здравствено осигурување за кој парламентот требало да гласа во среда.
Оставката на Шарец автоматски значи и оставка на сегашната влада, а алтернативата со нови избори е можно барање ново мнозинство во парламентот , односно нов мандат на преодната влада.