Шанса за работа во Швајцарија: за оние со бугарски пасош сега се е полесно
Објавено во: Финансии 04 Јуни, 2019
Откако економската криза силно зафати некои земји на југот од Европа, се поголем број добро образовани, млади луѓе бараат работа во други земји. Покрај Германија очигледно привлечна е и Швајцарија.
Таа земја од 1 јуни годинава им овозможи целосна слобода за влез, вработување и отворање на бизнис на бугарските граѓани а тоа важи и за Македонците кои имаат бугарски пасоши.
-Швајцарија ме привлекуваше бидејќи е во средина на Европа и затоа што нуди исклучително добри можности за заработка-вели Маја Илиева од Софија кој зборува повеќе јазици.
Знаењето на странски јазици на бројни мигранти од источна Европа им го олеснува пристапот до работниот пазар во Швајцарија.
Огласи за работа во Швајцарија се наоѓаат на неколку страници а во многу од нив се бараат дадилки и чистачки. За условите и што е потребно за да аплицирате, може да прочитате тука