28 Март, 2024
0.0244

ШАМПИОНИТЕ ОД ШУТКА, И ШАМПИОНКАТА ОД ГЕВГЕЛИЈА

Објавено во: Колумни 23 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Кога  на добропознатата дата , длабоко врежана во меморијата на секој  Македонец, односно на 15 септември, но не во далечната 2002, ами во 2015 година, од страна на Собранието на Република  Македонија беше едногласно избрана Катица Јанева за Специјален јавен обвинител нејзиното име, беше најпребарувано на интернет. Граѓаните , едноставно сакаа  да дознаат повеќе за  тоа , кое е лицето кое ќе треба да се зафати со речиси невозможна работа- да донесе правда во држава во која неправдата е синоним за „ нормална работа“.  Денеска, 4 години подоцна, работите  не само што не ја заземаа таа траекторија на предвидените настани, туку целосно излегоа од колосек. Дожевеаја  своевидно крешчендо, какво што ни Холивуд не можеше да го предвиди.  Освен со пресовите на кои ги најавуваше  предметите во кои се инкриминирани довчерашни високи државни функционери, најчесто во придружба на Фатиме Фетаи  и Ленче Ристовска, како  морална и логистичка поддршка во работата на првата во  СЈО, стана позната со веќе легендарното „ отвории, отвории“, кога  преповторуваше , кажувајќи им  полицајците да ги отворат портите на  „ тврдината “ од која  потекнуваше се, околу мега скандалот со прислушкуваните материјали, чии последици ја создадоа и неа , односно го создадоа СЈО како институција надвор од  редовниот правен сообраќај во Македонија, како посебна институција со свој засебен буџет. 

Мечката  наместо во кафезот на лавот, влезе во неговата уста!

Катето се обидуваше да влезе директно во  „кафезот на лавот“, т.е во просториите на  Управата за безбедност и контраразузнавање, и  наместо да влезе во кафезот и да го фати лавот, таа кутрата влезе во устата на лавот, се разбира по своја вина. Македонскиот „Фалконе“ стана македонски „ Ал Капоне“, за  инсинуирана корупција од смешни 300.000 денари ( 5.000) во мебелска противвредност. Сепак, и покрај тоа што македонските граѓани по многу прашања испаднале наивни, доматите со кол не ги јадат , употребуваат вилушки, т.е скоро и никој да не поверува  во наводите на редовното Јавно обвинителство, дека  од  целиот колач од  1.5 милион евра,  Кејти Јан, ќе се омрсела со 5.000 евра во мебел. Одново и одново , обвинителството, неговиот интегритет и стручност е ставен под знак прашалник, бидејќи во држава во  која царува сеендемска корупција и организиран криминал, никој не може да поверува дека можеби „ главата на октоподот “ ќе земе само  мебел во вредност од 5.000 евра, а пипците  ( Боки и Зоки), ќе поделат  1.5 милион евра. Кога сме кај октоподот, лидерот на опозицијата  перманетно  ја обвинува владејачката партија, т.е директно премиерот и неговите соработници дека токму тие се главата на октоподот , и дека целиот рекетарско-изнудувачки потфат и  операционализираната шема потекнува од нив. Нормално, има жесток демант од првенците на владејачката гарнитура, па дури и покажување со прст кон првиот опозиционер дека и „тој има средби со некои од уапсените лица“.

Криминалот само во Македонија има етничка боја!  

Во овој цел гротескен галијаматис, Македонците и македонските граѓани се тотално шашардисани, не верувајќи му веќе на никому. Со право. За да се  добие  грам надеж, и зрак светлина, дека навистина и најголемите моќници во оваа држава, може да бидат гонети и да ги стигне мечот на правдата, треба да се случи нешто навидум на чудо. А, чудото е јавното обвинителство да се зафати, со  целосно  расчистување на аферата „ Рекет“, и секој оној кој се огрешил пред законот да одговара, без разлика дали е бизнисмен, политичар, носител на јавна функција. Кога сме кај бизнисмените, се доведовме, во ситуација најголемиот бизнисмен во оваа држава, да биде веќе и принесен на олтарот како „ жртва“ во целата оваа операција. Во држава, во која  не можете да добиете тендер за набавка на тоалетна хартија за во вецињата во институциите, ако не сте „ подобен “ на партијата на власт,  богатство од 830 милиони евра ( според Форбс) и не се стекнува , со „ труд, посветеност, чесност, упорност и иновативност“, а кога сме веќе кај јавните функционери, редовното јавно обвинителство, треба да се  зафати со расчистување на корупцијата и криминалот во високите етажи и во т.н  „ албански политички блок“.  Амнестираните заштитени бели мечки од  подножјето на Шар Планина, стационирани во  мечкарникот во Мала Речица, владеат  вкупно 16 години, од последните 18 години колку што постојат  како политичка  партија,  не може да не бидат дури  ниту со инсинуација за инкриминација за сторен криминал.  Уште па одозгора , десната рака на лидерот Али Ахмети, Артан  Груби,  не прави  сите малоумни  со  IQ  под 80 , барајќи  ветинг на сите избрани и именувани јавни функционери , односно да се испита нивното потекло. Ако  се испита потеклото на имотот на шампионите од Мала Речица, сите ќе треба да постанат шампиони во Шутка.

Македонската црна дупка!

Во целиот напреден и модерен свет се тече и се позитивно се менува,  а кај нас,  тажна е таа држава, во која ништо веќе три денеции на подобро не се смени. Не само што не се смени на подобро, туку  денеска како и да го удривме дното. Многумина велат дека  овој  армагедон кој ни се случи со СЈО, може да донесе и нешто позитивно, односно,  од тука па натаму ќе се види дали конечно ќе почнеме да расчистуваме со криминалот и корупцијата, за кое ќе ни биде потребно огромна  енергија, воља , беспоштедност и  храброст, или ќе продолжиме да се прпелкаме во блатото во кое три десетилетија сме закотвени. Од ова полошо и  не може да биде , така што  ако не сме капацитетни и немаме намера  да излеземе од  тињата во која е потоната македонската правда која и никогаш не ни дошла на гости да не види како сме, подобро топтан сите колективно  да не проголта  „ црната дупка“, за која швајцарските научници, докажаа и официјално дека  постои .  Во неа,  прва ќе ја пуштиме шампионката од  Гевгелија,  да  ја „ испита“ нејзината негативна појавност. 


Благојче Атанасовски - политиколог

Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?