ШАХПАСКА ЗА ЗАКОНИТЕ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ: Не за жени со 62, туку за сите е 64 години
Објавено во: Економија 18 Јануари, 2021
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во емисиjата 24 анализа изјави дека во собраниска процедура во моментот се наоѓаат четири закони, законот за работни односи, законот за вработени во јавната администрација, законот за здравствена заштита и законот за врабнотени во високото образование.
„Сите четири закони претставуваат дел од закони кои предвидува пензионирање со 64 години и 15 години пензиски стаж. Тоа е основниот услов за одење во пензија. Не за жени со 62, туку за сите е 64 години. Овие четири закон ги предложија пратениците, но се кординираа со нас“, рече министерката.
Министерката истакна дека се поднесени 480 амандмани и најголем дел од нив се однесуваат на моментот од кога ќе почне имплементацијата на законското решение. Пензиите ќе се исплаќаат редовно, а во јануари пензионерите ќе го добијат и законското усогласување, односно минималната пензија ќе биде зголемена за 13 денари, а просечната за 185 денари, најави министерката.