СЕВЕРНО КОСОВО: Уште една српска финансиска институција e „пломбирана“
Објавено во: Балкан 12 Септември, 2024
Уште една српска финансиска институција e „пломбирана“ на северот на Косово
„Денешниот претрес на косовската полиција во просториите на Управата за финансии – Народна банка на Србија во центарот на Лепосавиќ резултираше со запленување на она што косовските власти го дефинираат како „докази“, пишува KoSSev.
Како што кажа заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион за Косово, Ветон Елшани, при претресот се запленети документи, печати, компјутери и пари, пренесува „N1“.
Главно се работeло за динари. Одговорното лице во оваа институција најверојатно ќе биде сослушано следната недела.
Објектот бил затворен набргу по завршувањето на претресот, односно собирањето „докази“.
Акцијата е спроведена по наредба на Судот во северниот дел на Митровица, а според полицијата е поврзана со истрага за „перење пари“.
Следеше три месеци по затворањето на филијалите на Управата за финансии во Косовска Митровица, како и на четири експозитури на Поштанска Штедионица – банка на северот на Косово.
Во исто време, на почетокот на минатиот месец косовските власти ги затворија сите девет филијали на Поштата Србија на северот на Косово.
фото: KoSSev