Северна Кореја ја тресе економска криза
Објавено во: Свет 31 Декември, 2019
Економска криза ја тресе Северна Кореја.
Лидерот Ким Јонг Ун ги предупредил лидерите на владејачката Работничка партија дека земјата минува низ тешка економска криза.
Побарал воведување на итни мерки за ситуацијата да се подобри.
Во текот на викендот е одржано пленарно заседание на партијата неколку дена пред истекот на ултиматумот кој Северна Кореја им го поставила на САД во преговорите за денуклеаризација.
Пјонгјанг ветил дека, ако до крајот на годината не се оствари напредок во преговорите, Вашингтон ќе добие "Божеќен подарок", пренесува "Al Jazeera".
Северна Кореја никогаш досега не објавила економски статистички податоци, а единствените информации за економијата доаѓаат од странство.