Сестрата Олга со „Еуролинк осигурување“ подобра од братот Коки со „Еуростандард банка“
Објавено во: Економија 15 Јули, 2019
Годината 2018 беше поуспешна за сестрата Олга Костовска отколку на братот Коста Костовски, кои ги водат капиталните бизниси на својот татко - Трифун Костовски, кој реши „Еуролинк осигурување“ и „Еуростандард банка“ да им ги остави на управување на своите две деца.
„Еуролинк осигурување“, управуван од сестрата Олга, зад себе има исклучително успешна деловна година. Осигурителната компанија има 695.000 евра добивка и тоа е резултат што е за 580.000 евра подобар од резултатот остварен во 2017 година. Зголемени се и нето приходите на 13,7 милиони евра лани.
Кај братот Коки пак, „Еуростандард банка“ лани годината ја заврши со загуба од 6,33 милиони евра и со намалено пазарно учество по основ на нето приходи од камати кои лани изнесувале 4 милиони евра и тие се за 745.000 евра пониски од претходната година.
Поопшорно за резултатите на наследниците на бизнисменот Костовски може да се погледнат овде.