Од МЕПСО тврдат дека нема судир на интереси во овој случај затоа што министерот не може да влијае од причина што основач на МЕПСО е Владата, а единствен акционер е Министерството за транспорт и врски.
„Влорa Бектеши е вработена во МЕПСО лани во Секторот за правни и општи работи како референт, на оглас на кој се пополнети 23 отворени работни позиции. Целата постапка за вработување е во согласност со Законот за работни односи, а Бектеши на местото референт е избрана меѓу тројца кандидати предложени од стручна комисија.“, се вели во потврдата на компанијата.