24 Април, 2024
0.1546

Семос Едукација – вашата прва станица за реализација на владините ваучери

Објавено во: Мои пари 03 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Имате 18 - 29 години? Добивте ваучер за обуки за дигитални вештини? Појдете во Семос Едукација – има зошто!

За да се победи злото наречено Ковид-19, не се потребни само маски и дистанца, потребен е труд и солидарност на сите фронтови – дома, на работа, а најмногу на оној во главата кој често знае да нѐ фрли во стагнација. Повеќе нема изговори, излезете од комфорната зона и од толпата песимисти кои ги прогласија професиите за мртви, бидејќи Ковид-19 само го забрза она што одамна стартуваше во светот - дигитализација на професиите.

Ако се наоружате со соодветни дигитални вештини, нема да треба да се откажете ниту од традиционалните професии како плетење или вајање. Напротив, ќе го подобрите и забрзате процесот на работа и ќе бидете конкурентни на пазарот на трудот.

Во прилог на веродостојноста на оваа теза говори и мерката на Владата на РСМ. Станува збор за ваучери за обука за дигитални вештини кои можат да ги искористат лицата кои имаат завршено средно образование на возраст од 18 до 29 години. Периодот за аплицирање за мерката е 19 јули-02 август, додека конечната листа на Даватели на услуги ќе биде позната до 18 јули.

Доколку се официјализира учеството на Семос Едукација во овој корисен и вреден проект, тогаш нема да имате дилема каде треба да го реализирате стекнатиот ваучер.

И генерациите кои се бунтуваат против дигитализацијата, знаат кои се Семос Едукација. Нивното професионално делување трае цели 25 години, благодарение на висококвалификуваните тренери, предавачи и инструктории партнерства со најпознатите светски IT брендови како Microsoft, Cisco, Oracle, AWS, EC-Council, VMware, ISTQB, ITIL, SCRUM, Adobe, Autodesk, Unity, ISTQB и Python Institute.

Во Семос Едукација досега обука посетувале над 68.500 студенти,oние кои почнале да учат од нула, оние кои се доквалификувале и оние кои одлучиле да сменат професија;вклучувајќи ги и компаниите кои со години ги праќаат своите вработени да се надградат во Семос Едукација.

Вредноста на тимотна Семос Едукација се должи најмногу на нивниот персонализиран пристап кон кандидатите. Благодарение на долгогодишното практично искуство, тие умешно ги насочуваат заинтересираните кон обуките кои им се потребни, земајќи ги предвид нивните афинитети и аспирации. Од друга страна, пак, секогаш се во тек со светските тенденции инстатно креирајќи професии на иднината кои се најбарани на пазарот на трудот. Токму поради ова, услугите на Семос Едукација се барани во регионот и пошироко.

Но, поддршката на Семос Едукација не завршува тука! По завршување на која било обука, вие добивате влез во нивниот Кариерен Центар преку кој лесно ќе дојдете во контакт со огромна мрежа на познати IT компании, институции, креативни индустрии и агенции, во превод, со вашиот иден работодавач.

Вредноста што вие, како корисник на нивните услуги ќе ја добиете, го надминува секој вложен денар. Ако круната на стекнатото знаење е меѓународно признатиот сертификат, во неговата суштина се кријат иновативни вештини во согласност со последните стандарди.

Од портите на Семос Едукација вие ќе излезете како човек кој стекнал нови пријателства, како човек кој научил што е етичко работење, како човек кој има каде да се обрати за помош и поддршка во кое било време на кое било место. Плус, како високо квалификувана индивидуа која лесно ќе го адаптира и примени своето знаење во домашните и странските компании.

Да, Семос Едукација ќе бидат вашиот ПРВ избор за реализација на ваучерот, бидејќи тие зборуваат за квалитет, а не за бројки!

Со цел да ви се заблагодарат за лојалноста, ви подготвија избор од три подароци и плус изготвија форма која ќе ви помогне да изберете соодветна обука. За сите овие детали, плус информации околу аплицирањето, кликнете ТУКА.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка