„СЕЛФИТО ГО НАПРАВИ КАНЦЕЛАРОТ, ЈАС ТОА НЕ УМЕАМ ДОБРО“: Вучиќ, Орбан и Неамар ја овековечија средбата
Објавено во: Балкан 04 Октомври, 2022
Српскиот претседател Александар Вучиќ се фотографираше со
унгарскиот премиер Виктор Орбан и австрискиот канцелар Карл Неамер во
Будимпешта по трилатералниот самит.
- Автор на оваа фотографија е австрискиот канцелар бидејќи не знам како да го направам тоа како што треба - напиша Вучиќ во објавата на официјалниот Инстаграм.