04 Јули, 2020
0.0419

СЕКОЈА ЧЕСТ ХЕРОИ - ова се лекарите кои секојдневно се борат за спас на животи

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2020

Министерот за здравство Венко Филипче ги објави фотографиите од неговите колеги од Службата за итна медицинска помош, кои се постојано на терен со цел да обезбедат најголема можна заштита на заболените.

„Горд сум што целокупниот здравствен систем е мобилизиран и функционира како едно. Ова се само дел од моите колеги од Службата за итна медицинска помош која во секое време во денот е на терен и ја дава својата максимална здравствена заштита за сите пациенти.

Да ги почитуваме мерките и заеднички да го стопираме ширењето на коронавирусот“, напиша министерот.

Фотографиите се направени од фоторепортерката Arbnora Memeti од Мета - новинска агенција.

Од фотографиите може да се види дека на лицата на лекарите се забележува нивната секојдневна битка за спас на животи и трагите што на нивните лица ги остава постојаното носење маски.

Ваков пример можеше да се забележи и кај лекари од други држави кои беа погодени од епидемијата од коронавирусот, кои исто така објавуваа фотографии со нивните лица со лузни од носењето маски и од уморот што го поднесуваат во битката со болеста.

Можеби ќе ве интересира

Најмладиот од шесторицата починати има 36 години

Најмладиот од шесторицата починати има 36 години

Му паднале овците, го фатила струја

Му паднале овците, го фатила струја

ЗАКРЕПНУВА ДОБРО: Разговор со пациентот на кој му беше трансплантирано срце

ЗАКРЕПНУВА ДОБРО: Разговор со пациентот на кој му беше трансплантирано срце

ВМРО-ДПМНЕ: Не ни очекувавме на Русковска и Кацарска да им се допаднат нашите спотови

ВМРО-ДПМНЕ: Не ни очекувавме на Русковска и Кацарска да им се допаднат нашите спотови

Вонредна временска прогноза за попладнево

Вонредна временска прогноза за попладнево

Вирусот не стивнува: Уште 147 заразени, починале шест лица

Вирусот не стивнува: Уште 147 заразени, починале шест лица

Заев: Можна е постизборна коалиција со ДУИ, комуницирам со Алијанса и Алтернатива

Заев: Можна е постизборна коалиција со ДУИ, комуницирам со Алијанса и Алтернатива

Вице Заев за бомбите: Рекла - казала лаги

Вице Заев за бомбите: Рекла - казала лаги

ФОТО: Мила Царовска се бакнува со Кан

ФОТО: Мила Царовска се бакнува со Кан