20 Април, 2024
0.0252

Секој трет човек во Македонија пати од алерии: Како да се справиме со поленот

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Според истражувањата направени во 2018 година, неделно на Клиниката за пулмологија и алергологија се регистрираат по десет нови случаи поради алергиска реакција. Статистичките предвидувања се дека од алергии страдаат од 25 до 30 отсто од луѓето во Македонија - вели д-р Дејан Докиќ.[1] Покрај тоа, многу лекари и експерти посочуваат на тоа дека до 2025 година, дури и половина од населението ќе ги имаат тие проблеми. Еве неколку совети како можете да ги ублажите алергиските реакции.


Бидејќи количината на алергени во воздухот зависи од временските услови, пожелно е редовно да се следи временската прогноза и според тоа да се планираат активностите на отворено. Така, најдобро да се оди во природа е во деновите откако ќе завршат дождовните порои, рано наутро или доцна навечер, кога концентрацијата на полен е најниска. Меѓутоа, ако оваа пресметка ви претставува проблем, превенцијата е секогаш најдобро решение. Дури и ако имате само поблага форма на алергија, добро е да имате опрема со вас што помага во случај на ненадејна реакција, покрај капките за нос или очи.

Често слушаме како чистотата е половина здравје и ова е случај кога станува збор за алергија на полен, а одржување на домот е клучно за неговата превенција. За полесно и поефикасно чистење на подовите и теписите може да допринесеSamsung лесната безжична stick правосмукалкакоја има дигитален инвертер мотор со моќ на вшмукување до150W. Истовремено ќе имате прилика да вдишете и почист воздух, благодарејќи на петслојниотХЕПА(HEPA) систем за филтрирање, кој задржува 99,999 %[2] од најситната прашина и алергените.

Грините исто така можат да бидат отежнувачки фактор за сезонските алергии, кои најчесто се собираат во душеците и постелнините, а во борбата против нив може да ви помогне Hygiene Steam технологијата наSamsung машините за перење алишта. Освен што се намалува времето на перење и потрошената енергија, голема предност е и Eco Bubble™ функцијата за силно чистење, дури и при ниски температури.

На крајот, недоволното внесување на вода е директно поврзано со чувството на умор и омалаксаност, а тоа најлесно ќе го поправите ако во дневната рутина вклучите вода, природни сокови, билни чаеви и супи.Исто така, калциумот докажано помага во намалувањето на алергиските реакции поради ефектот врз капиларите, а препорачано е да се дополнува со внес на витамин Ц, како природен антихистамин.

Имајќи го во предвид наведеното, јасно е дека може да почувствувате значителни промени со минимален напор. Затоа, ако сѐ уште не сте започнале, одредете ден кој ќе го посветите на овие позитивни одлуки. Бидете сигурни, здрави и пред сè одговорни.



[1] Секој трет Македонец е алергичен на полен – истражувања направени во 2018 година,со изјава на пулмоалерголот д-р Дејан Докиќ (Министерство за здравство).

[2]Испитување врз основа на клаузулата 5.11 стандард IEC62885-2. Максимум режим. Врз основа на интерни испитувања.

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција