25 Мај, 2022
0.0234

СЕГА Е ВРЕМЕ ДА УЖИВАМЕ ВО ТЕНИСОТ: Порача австралискиот премиер Морисон, Новак уште попладнево ќе биде на авион кон Дубаи

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2022

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска ја поздрави одлуката на федералниот суд кој го поддржа укинувањето на визата за Новак Ѓоковиќ, наведувајќи дека таа одлука ќе помогне „австралиските граници да бидат силни и безбедни“.

„Сега е време да продолжиме со Австралија опен и да се вратиме на уживањето во тенисот“, изјави Морисон, пренесува Ројтерс.

Најдобриот светски тенисер изгуби судски спор пред Федералниот суд на Австралија, му беше одбиена визата и уште денеска ќе биде депортиран од Мелбурн.

Како што пренесуваат австралиските медиуми, Ѓоковиќ ќе се качи во 22.30 часот по локално време, односно уште попладнево според средноевропско време.

Прописите велат дека депортацијата ја врши „истиот превозник што го донел депортираниот на австралиско тло, доколку има можности за тоа“, а авион на Емиратите, компанијата со која допатувал полетува од Мелбурн за неколку часа. Во тој авион ќе биде најдобриот тенисер на светот. Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран во градот каде што се качи на лет за Австралија, Дубаи, а оттаму ќе може да избира каде и кога да оди.

Во неговото обраќање до јавноста по споменатата одлука на Федералниот суд, Ѓоковиќ рече дека ќе соработува со припадниците на австралиската гранична полиција по прашањето на депортацијата.


Можеби ќе ве интересира

БАРАЊЕ ДО ПУТИН ДИРЕКТНО ОД БРИСЕЛ: „Русија да ја деблокира клучната рута, ова е покана“

БАРАЊЕ ДО ПУТИН ДИРЕКТНО ОД БРИСЕЛ: „Русија да ја деблокира клучната рута, ова е покана“

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО УНГАРИЈА ПРОГЛАСИ ОРБАН: „Војната во Украина е закана за земјата, мерката тапува на сила од полноќ“

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО УНГАРИЈА ПРОГЛАСИ ОРБАН: „Војната во Украина е закана за земјата, мерката тапува на сила од полноќ“

ШОЈГУ ДАДЕ ЗАПРЕПАСТУВАЧКА ИЗЈАВА:„Украина ја опремуваат со нуклеарно оружје-се плашат од пораз“

ШОЈГУ ДАДЕ ЗАПРЕПАСТУВАЧКА ИЗЈАВА:„Украина ја опремуваат со нуклеарно оружје-се плашат од пораз“

100.000 ВОЈНИЦИ ВО БЛИЗИНА НА РУСКАТА ГРАНИЦА ВО ГОТОВНОСТ: Дали НАТО влегува во војна, еве што вели Столтенберг

100.000 ВОЈНИЦИ ВО БЛИЗИНА НА РУСКАТА ГРАНИЦА ВО ГОТОВНОСТ: Дали НАТО влегува во војна, еве што вели Столтенберг

НЕМА ПОТРЕБА ОД МАСОВНА ВАКЦИНАЦИЈА ВО ЕВРОПА, НО ГЕРМАНИЈА НАРАЧА 40.000 ВАКЦИНИ: Досега 131 потврдени случаи на мајмунски сипаници

НЕМА ПОТРЕБА ОД МАСОВНА ВАКЦИНАЦИЈА ВО ЕВРОПА, НО ГЕРМАНИЈА НАРАЧА 40.000 ВАКЦИНИ: Досега 131 потврдени случаи на мајмунски сипаници

НАЈМОЌНИТЕ ХАУБИЦИ ПРИСТИГНАА ВО КИЕВ-ПОДАРОК ​​ОД САД ЗА УКРАИНА: „Ова оружје не приближува до победата“-генералот Качур за Њујорк тајмс

НАЈМОЌНИТЕ ХАУБИЦИ ПРИСТИГНАА ВО КИЕВ-ПОДАРОК ​​ОД САД ЗА УКРАИНА: „Ова оружје не приближува до победата“-генералот Качур за Њујорк тајмс

„РУСИТЕ ГО КРАДАТ УКРАИНСКОТО ЖИТО И ГО ПРОДАВААТ ВО СТРАНСТВО“: Кулеба тврди-товарат жито на бродови кои заминуваат преку Босфор

„РУСИТЕ ГО КРАДАТ УКРАИНСКОТО ЖИТО И ГО ПРОДАВААТ ВО СТРАНСТВО“: Кулеба тврди-товарат жито на бродови кои заминуваат преку Босфор

ГЛАВНАТА УРЕДНИЧКА НА РТ СО ШОКАНТЕН ИСПАД-РУСИЈА МОРА ПОБЕДИ ИЛИ...„Работите ќе завршат лошо за човештвото“

ГЛАВНАТА УРЕДНИЧКА НА РТ СО ШОКАНТЕН ИСПАД-РУСИЈА МОРА ПОБЕДИ ИЛИ...„Работите ќе завршат лошо за човештвото“

ГИНАТ ЗА „ГРСТ“ ДОЛАРИ - ПУТИН СО БОНУСИ ГИ НАВЛЕКУВА ЛУЃЕТО ВО АРМИЈАТА: Колку заработува руски војник за 3 месеци

ГИНАТ ЗА „ГРСТ“ ДОЛАРИ - ПУТИН СО БОНУСИ ГИ НАВЛЕКУВА ЛУЃЕТО ВО АРМИЈАТА: Колку заработува руски војник за 3 месеци