„Сеавус“ ја „шие“ конкуренцијата: колку пари прави оваа софтверска компанија
Објавено во: Економија 25 Мај, 2019
Софтверските компании во државата книжат раст на приходите лани споредбено со 2018. Ова го покажуваат податоците од анализата на Фактор а за сите шест компании заедничко е што им расте бизнисот односно приходите од продажба, а притоа сите се во добивка, а дел од нив имаат и солидни профитни маргини.
Кај пет од шестте анализирани профитната маргина се движи од најмалку 8,6 отсто до најмногу 18 отсто
„Сеавус“ има најголеми приходи и најзначен профит во споредба со другите компании кои беа предмет на споредбата. Оваа голема софтверска компанија која години наназад успешно работи во земјава лани имала приходи од продажба во износ од 19,67 милиони евра. Тие пораснале за 24,5 отсто во однос на 2017 година.
Оваа компанија која вработува повеќе од 400 лица и лани оствари добивка од 3,52 милиони евра. Таа е повисока за 25 отсто во однос на 2017 година. „Сеавус“ е компанија со најголема добивка во однос на другите пет анализирани компании.
Целата анализа за сите шест компании читајте ја овде.
Р. Ф.