Се запали најголемата депонија за автомобилски гуми во светот
Објавено во: Свет 04 Август, 2021
Гори најголемата депонија за автомобилски гуми во светот.
Повеќе од седум милиони фрлени гуми горат кај градот Ал Сулаиби во Кувајт, а пожарот е видлив дури и на сателитските снимки. На снимката која ја виделе над милион луѓе се гледа густ црн чад во воздухот, а многумина се загрижиле поради загадувањето кое ќе го предизвика, но и поради климатските промени. Британски "Daily mail" во 2013-та година објавил репортажа во која наведува дека секоја година се копаат џиновски дупки во земјата во тој град за да се закопаат стари гуми.