Добивај вести на Viber
Се стабилизира потрошувачката доверба во Германија, можен е и скромен напредок, бидејќи најголемата европска економија го остави зад себе најлошиот период од должничката криза, покажуваат резултатите од анкетата на германскиот истражувачки институт ГфК.
Институтот предвидува дека индексот на потрошувачката доверба во февруари ќе порасне на 5,8 од јануарските 5,7 индексни поени. Јануарскиот индекс е ревидиран во плус во однос на првобитната проценка од 5,6 поени.