Се укинува Законот за трговија на зелените пазари
Објавено во: Економија 10 Декември, 2019
На денешната 169-та седница Владата на Република Северна Македонија го усвои предлог - Законот за престанување на важноста на Законот за трговија на зелени пазари.
Потребата за донесување на овој закон со кој престанува да важи Законот за трговија на зелените пазари е предизвикана од неисполнувањето на очекувањата утврдени во одредбите на Законот за трговија на зелените пазари кои предизвикаа социјални, даночни и фискални последици за трговците на зелените пазари, информираа од Владата. Како резултат на реакциите од страна на граѓаните што на пазарите вршат трговија на мало, Владата донесе нов закон за да престане со важност Законот за трговија на зелени пазари.