СЕ ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Земјотрес на 5 км од Куклиш
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2019
Југоисточна Македонија ја стресе земјотрес.
Земјотрес со јачина од 2,6 степени утрово е почувствуван во Струмица, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Потресот е почувствуван во 9.48 часот со епицентар на 127 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Струмица. Поточно епицентарот бил на 5 км од селото Куклиш. Потресот бил на длабочина од 5 км.
Во соседството денеска неколку потреси имаше во Грција и во Јонското Море.