СЕ ТРЕСАТ ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ: Три земјотреси за половина час
Објавено во: Балкан 11 Декември, 2019
За половина час, три земјотреси ја погодија Турција.
Тие биле проследени со повеќе афтершокови, објави „Дејли сабах“.
Првиот земјотрес од 5 степени е регистриран синоќа во 23.14 часот на 127 км југозападно од градот Бурса, а тој е почувствуван и во азискиот дел на Истанбул. Десет минути подоцна во истата област се случил и втор земјотрес со јачина од 4,5 степени.
Третиот земјотрес, од 4,4 степени, е регистриран 30 минути по првиот. Потоа се регистрирани повеќе дополнителни потреси од 1,9 до 4.5 степени по Рихтер.
Во близина на грчките острови Крит и Касос, пред полноќ е регистриран силен земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер.
Два слаби земјотреси денеска се регистрирани во соседна Албанија.