Се трага по 11 луѓе откако потона брод во Атлантикот
Објавено во: Свет 28 Септември, 2019
Потона бродот „Бурбон род“ во Атлантикот, при што тројца се спасени, а по 11 луѓе се трага.
Бродот се движел кон Гвајана, на околу 1.200 наутички милји од Мартиник и 60 наутички милји од ураганот од четврта категорија „Лоренцо“, кога се нашол во временски неприлики.
На него биле 14 членови на екипажот, а капетанот на бродот бил од Шибеник, пренесе „Индекс“.
Пријавено е дека три лица биле пронајдени под чамец за спасување, додека по останатите се трага.
Според „Вечерњи лист“, капетанот на бродот е Дино Мишкиќ од Шибеник.
Весникот додава дека од Министерството за надворешни работи на Хрватска им потврдиле дека освен капетанот, на бродот немало други Хрвати.
Претставник на украинското Министерство за надворешни работи на „Твитер“ потврди дека двајца од тројцата спасени морнари се Украинци.