СЕ СПРАВИЈА СО КОРОНАТА: 97 отсто од заразените се опоравија
Објавено во: Свет, Корона Вирус 06 Мај, 2020
97 отсто од заразените пациенти во Исланд се опоравија.
Оваа држава практично го елиминирае вирусот.
Минатата недела потврдени се само два случаи, информираше денеска исландската влада.
„Пријатно сум изненаден што дојде до многу брзо забавување на пандемијата на Исланд“, изјави главниот епидемиолог во таа држава.
Но, вели дека е многу важно да бидат внимателни и да го намалат ризикот од повторно ширење на епидемијата.