СЕ СОМНИЧИ ЗА ИЗМАМА И ПЕРЕЊЕ ПАРИ: Мандиќ доби домашен притвор
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2019
Нови осомничени во случајот „Рекет“ . Меѓу нив и пратеничка од владеачката гарнитура а ОЈО го додели и вториот домашен притвор.
Јасна Мандиќ наместо ефективна мерка притвор ќе биде во куќен притвор откако е осомничена за перење пари и измама.
Мандиќ е потпретседателка на Меѓународниот сојуз а за одбраната, мерката која ја определи судијата на претходна постапка, е прифатливо решение во вакви случаи.
Доцна синоќа, по исказот на Мандиќ, обвинителството кажа дека кај тројца од осомничените во проширената истрага е определен налог за претрес додека пак осомничената пратеничка засега доби само мерки на претпазивост. Фросина Ременски остана без патната исправа и ќе мора барем еднаш во неделата да се јавува во судот.