29 Март, 2024
0.0243

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНААТ ШТЕДАЧИТЕ НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА НА ЕДНО МЕСТО - еве што треба да направите

Објавено во: Финансии 13 Август, 2020

Добивај вести на Viber

  • Народна банка на Македонија, ги објави сите детали што треба да ги знаат клиентите на Еуростандард банка.

  • На оваа банка монетраните власти вчера и ја укинаа дозволата за работа, а денеска ќе достават предлог до судот за отворање стечајна постапка. 

  • Во Еуростандард банка биле заштедени 71,5 милиони евра, а оние што имаат до 30 илјади евра ќе бидат целосно обесштетени. Или, тоа се 99,4 отсто од штедните влогови. 

  • Еве што треба да знаат штедачите и оние што имаат по било која основа пари во Еуростандард банка. 

  • Од причина што на „Еуростандард банка“ АД Скопје ѝ е укината дозволата за основање и работење и е исклучена од платниот промет во земјата и странство, нема да бидете во можност да ја користите вашата трансакциска сметка во Банката. 

  • Ако покрај трансакциската сметка во „Еуростандард банка“ АД Скопје имате трансакциска сметка и во друга банка, користете ја таа сметка за остварување на Вашите приливи на парични средства, но претходно контактирате ја банката во којашто е сметката (преку е-пошта или преку телефонскиот контакт-центар), за да се информирате дали е потребно да ги ажурирате своите податоци. 

  • Доколку немате отворено трансакциска сметка во друга банка, потребно е да отворите нова трансакциска сметка во некоја од банките во земјата, по Ваш избор. 

  • Со цел непречено да остварувате приливи на парични средства, потребно е со писмен допис да ги известите институциите и лицата од коишто очекувате идни приливи, уплатите на паричните средства во иднина да ви ги исплаќаат на ваша трансакциска сметка во друга банка, и притоа треба да им го доставите бројот на трансакциската сметка и називот на банката во која таа е отворена.

  • Вработените лица треба во најкраток рок да го известат својот работодавач, пред следната исплата на плата или други приходи коишто им ги исплаќа работодавачот.

  • Пензионерите и корисниците на социјална помош, детска заштита и други видови на социјална помош треба да ја известат банката преку којашто би сакале понатаму да им се вршат исплатите.

  • Лицата кои остварувале други приливи по било кој основ преку сметка во „Еуростандард банка“ АД Скопје (пр. хонорари, закупнини, субвенции, стипендии итн.), треба да го известат исплатувачот на средствата во иднина уплатите да ги врши на трансакциската сметка во друга банка.

ДЕПОЗИТИ

  • Депозитите на физички лица (резиденти и нерезиденти) во „Еуростандард банка“ АД Скопје се осигурени согласно со Законот за Фондот за осигурување на депозити. Осигурениот износ е до 30.000 евра по физичко лице – депонент. Обесштетувањето на овие лица ќе се врши со исплата на средства од страна на Фондот за осигурување на депозити (ФОД) и ќе започне во рок од 20 дена, согласно со Законот.

  • Предмет на обесштетување се денарските и девизните депозити, средства на трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички, девизните приливи и сертификатите за депозити издадени од „Еуростандард банка“ АД Скопје.

  • За обесштетувањето, нема потреба од дополнително барање / пријавување на побарувањата од страна на депонентите-физички лица. Депозитите се сметаат за пријавени со денот на отворање на стечајната постапка во Банката.

  • Обесштетувањето се исплатува во денари, при што депозитите вложени во девизи се обесштетуваат според средниот курс на Народната банка на 12 август 2020 година, кога е донесено Решението за укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје.

  • Пред започнување со исплата на обесштетувањето, ФОД преку соопштение до медиумите ќе ги известат депонентите-физички лица за: датумот на почеток на исплата на обесштетувањето на депозитите, за банката-исплатувач / банките-исплатувачи преку која/кои ќе се врши исплатата на обесштетувањето и за начинот на подигнување на потврдите за сопственост на депозитите.

  • При обесштетување, поединечните депозити на едно лице се сметаат за единствен депозит.

  • Со обесштетувањето на депозитите се опфаќа и договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата заклучно со 12 август 2020 година, којашто не му била исплатена на депонентот-физичко лице.

  • Депонентите-физички лица коишто имаат депозити во „Еуростандард банка“ АД Скопје повисоки од 30.000 евра, во рамки на обесштетувањето од страна на ФОД ќе им бидат исплатени средства до 30.000 евра во денарска противвредност, по лице. Своето право за целосно намирување до висина на вкупниот депозит (разликата меѓу вкупниот износ на депозитот и пресметаниот износ на обесштетување) ќе може да го остварат од стечајната маса на „Еуростандард банка“ АД Скопје. За ова нема потреба од дополнително барање / пријавување на побарувањата од страна на депонентите-физички лица. 

  • Согласно со Законот за Фондот за осигурување на депозити, во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите обврски кон банката.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка