Се шири вирусот во Шуто Оризари, најмногу новозаболени сепак во Чаир, Бутел, Сарај
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2020
Од вкупно дијагностицираните нови 35 случаи на Ковид-19, според денеска објавените податоци, 22 се од Скопје.
Како што информира Институтот за јавно здравје, од нив од Чаир се пет луѓе, од Бутел тројца, Сарај двајца, Аеродром - 2, Шуто Оризари - 2, Ѓорче Петров - 2, Илинден - 2, Гази Баба -1, Студеничани -1, Сопиште -1 и Кисела Вода - 1.