СЕ ШИРИ ЛАЖНА ВЕСТ ВО ХРВАТСКА: Сите новинари прашувале дали починала госпоѓата што прва ја прими вакцината

Објавено во: Балкан 26 Февруари, 2021
Во Хрватска почнаа да се шират лажни вести дека дамата која прва се вакцинираше во таа земја, Здравствениот дом во Трешњевка, починала. Неколку редакции добија информација дека починала по втората доза на вакцината. Таквите вести стигнаа и до министерот за здравство, Вилија Берош, кој потоа контактирал со директорот на ДЗ Загреб Запад (во кој спаѓа и Д.З. Трешњевка) Мирослав Ханчевачки. Како што проверивме и пишуваат Индекс.хр, ова се лажни вести.
„Апсолутно не е точно, но вие сте четвртиот што ни испраќате исто пршање. Проверивме сè, дамата се чувствува добро и не можеме да веруваме дека се шират такви лажни информации. Таа е добро, се чувствува добро. Јас не знам од каде доаѓаат вестите. „Чудно е што некој постојано не прашува за тоа, па дури и министерот, како да бараме некаков проблем“, рекол Ханзевачки за Индекс.хр.
Тој наведува дека на 20 јануари оваа госпоѓа ја примила втората доза на вакцина во Здравтсвениот дом во Трешњевка и дека е добро.
"Неа не и е ништо, сè е во ред. Се надеваме дека ќе се престане со ширње на вакви лажни вести", рекол Ханчевачки.
Да потсетиме, на оваа фотографија е г-ѓа Бранка, која е штитеник на Домот за стари лица во Трешњевка, Загреб. Таа беше прва во Хрватска која ја прими вакцината и по тој повод изрази задоволство од вакцинацијата, особено што, како што изјави тогаш, ќе може да го види своето семејство во Задар и да се врати на нејзината омилена активност, нордиско одење. Бранка тогаш им рече на сите, особено на младите: „Вакцинирајте се!“
Извор и фото: Индекс.хр
Можеби ќе ве интересира
Борисов си даде оставка и отиде да игра фудбал со внуците

Пленковиќ го кажа својот став за нон пејперот на Јанша

Нова мутација на коронавирусот откриена во соседството

Пахор е против промена на границите на Балканот, за нон пејперот вели дека не знае ништо

СЛОВЕНИЈА ЌЕ ГИ ВАКЦИНИРА МАТУРАНТИТЕ - за да можат мирно да ги подготват завршните испити, а ќе добијат АстраЗенека

Михаил Рот: Цртање нови граници на Балканот е опасен пат

КОЈА ШТИТИ НАЈБРЗО, А КОЈА НАЈДОЛГО - истражување во Србија за Фајзер, Спутник и Синофарм, еве што покажаа резултатите

И во Албанија криминалци добивале лични карти со лажни податоци
