20 Април, 2024
0.0293

Се пушта во употреба Централниот регистар на население

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Централниот регистар на население од денеска ќе биде пуштен во употреба а истиот ќе треба да претставува основа за е-услугите кои во иднина на граѓаните наместо да шетаат по шалтери треба да им овозможи електронско поднесување на документите.

На неговото претставување ќе присуствува Дамјан Манчевски, министерот за администрација и информатичко општество. За овој регистар беше донесен посебен закон а беше најавен уште на ланскиот Дигитален самит во Македонија.

Тој ќе претставува единствена база во која ќе се чуваат реални податоци во однос на населението а во базата ќе се црпат од повеќе институции како МВР, Министерството за правда, Управата за водење на матичните книги и Централниот регистар.

Регистарот на население е основа и за порталот за е-услуги, каде граѓаните ќе можат најголем дел од услугите кои секојдневно им се потребни да можат да ги добијат по електронски пат. Ова претставува платформа за креирање на електронски идентитет на граѓаните и постојано ќе се надградува со податоци од други институции. Регистарот на население има за цел да ги донесе услугите до граѓаните, на поедноставен начин да се добиваат сите потребни документи, што ќе придонесе до подобрување на квалитетот на животот 

Со Централниот регистaр на население се утврдува унифициран и единствен начин на водење на поединечните бази на податоци, врз основа на утврдени стандарди и процедури. Регистарот за населението обезбедува пристап до јавните услуги обезбедени од страна на надлежните органи и други лица.

Регистарот на население под определени услови ќе биде даден на користење и на комерцијалните институции, што ќе отвори и нови можности и зголемување на придобивките за граѓаните.


Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам