25 Април, 2024
0.0298

СЕ ПОВЕЌЕ СТАРИ РАБОТНИЦИ: Германија и две други земји се во „критична состојба“

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Ширум Европа се зголемува бројот на возрасни работници, покажуваат статистиките на Евростат.

Меѓу трите земји кои се со најголем број стари работници е и најмоќната европска економија, а друштво ѝ прават Шведска и Данска. Со години наназад странските медиуми пишуваа дека илјадници работни места во Германија, ќе нема кој да ги пополни во иднина, а тоа е шанса за Балканците кои мака мачат да најдат пристојна работа во своите држави. Ќе им требаат луѓе од сите профили, но акцент е ставен на медицинскиот персонал, на луѓето кои ќе треба да се грижат за старите лица во домовите.

За пет години, од 2013 до 2018 година пораснал бројот на вработени стари лица во Европа кои се на возраст од 55 до 64 години.

Во 2018 година, стапките на вработеност кај луѓето на оваа возраст  беа повеќе од 70 отсто во Шведска, Германија и Данска.

„Тоа се општества каде со години имало низок наталитет, а со тоа се довеле одредени земји да немаат доволно млади луѓе за работа, немаат подмладок, и затоа структурата на работници е таква каква што е. Друг момент е дека на дел од нив повеќе им се исплати да го продолжат својот работен век. Но, ние можеме да кажеме дека и во Македонија има луѓе кои наместо да одат во пензија, продолжуваат со работа“, велат од агенција за посредување при вработување во Скопје.

Но, Борче Стојановски, посредник за работа во странство од внатрешноста смета дека ваквата состојба е резултат на работните навики на луѓето во одредени европски земји. Вели дека младите Германци не сакаат да работат било што.

„Во Германија младите не сакаат да работат за плати кои се мали за нивниот стандард, бираат работа, и плата секако. Тие одат во земји како Швајцарија и Луксембург, каде има навистина добри примања или се фокусираат на семејни бизниси“, вели тој.

Стапките на вработеност за возрасната група од 55 до 64 години, се зголемиле во сите земји-членки на ЕУ, освен во Грција. Во Словенија и Бугарија стапката на вработеност кај лица на возраст од 55 до 64 години двојно се зголемила во овој период, а  во Словачка повеќе од двојно се зголемил бројот на работници во поодминати години. 


Во седум земји-членки на ЕУ - Малта, Полска, Словенија, Романија, Хрватска, Грција и Луксембург, стапките за оваа возрасна група биле помалку од 50 отсто, објави Евростат.

За Европјаните, еден од начините да ја зголемат  финансиската сигурност во староста е да работат подолго. Постарите лица кои го одложуваат пензионирањето, заработуваат повеќе пари, акумулираат дополнителни пензиски права и може да можат да заштедат дел од заработката.

Сè поголем дел од населението во ЕУ, на возраст од 65 до 74 години продолжува да работи, стои во извештај на Евростат. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија