СЕ ПОТПИШУВА ПЕТИЦИЈА: Британците бараат нов референдум
Објавено во: Свет 20 Октомври, 2019
Нов референдум за Брегзит бараат Британците.
За само 24 часа, повеќе од 150.000 Британци се потпишале на петиција со која бараат нов референдум.
Петицијата ја иницираше весникот „Индепендент“ и покренувачите на кампањата „Гласање на народот“, откако стотини илјади луѓе излегоа на улиците во Лондон противејќи се на Брегзит.
Лабуристот Кир Стармен рекол дека луѓето масовно излегле на улица за да порачаат дела народот, а не премиерот Борис Џонсон, треба да ја реши кризата со Брегзит.
Деновиве имаше и протести во Лондон, со цел да се издејствува нов референдум.
Десетици илјади граѓани протестираа на улиците на Лондон.
На референдумов во 2016 година, 17,4 милиони граѓани на земјата односно 52 отсто поддржаа излегување на земјата од ЕУ, а 16,1 милиони луѓе (48 проценти) беа против.
Од јули 2017 година до денес изработени се 226 анкети, а во 204 испитувања на јавното мислење мнозинството граѓани се изјаснија за останување во ЕУ, а во седум за Брегзит.